ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.10.2012

На денешната конференција социјалните партнери ја потврдија определбата за унапредување на достоинството на трудот
На денешната конференција социјалните партнери ја потврдија определбата за унапредување на достоинството на трудот

По повод 7 Октомври, Светскиот ден за пристојна работа, денес во Сојузот на синдикатите се одржа Конференција со која се одбележа денот и се поддржа определбата на Светската конфедерација на синдикатите (ИТУЦ) денот да биде посветен на младите луѓе.

Пред одржувањето на конференцијата учесниците дадоа изјави за медиумите, во кои ја објаснија улогата на социјалните партнери во зачувувањето на достоинството на трудот во Македонија.

Активностите на социјалните партнери посебно се насочени кон младите луѓе, односно на нивното вработување, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски. Невработеноста кај младата популација, со 85 милиони невработени, е светски проблем, така што и Република Македонија не е исклучок. Меѓутоа даваме придонес за решавањето на овој проблем во сите проекти во кои учествуваат социјалните партнери.

Раско Мишкоски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати, рече дека Република Македонија е една од ретките земји каде се намалува невработеноста кај младите. Имено, за неколку години стапката на невработеност кај овој дел од популацијата се намали од 38 на 31 насто.

Владата максимално е ангажирана за обезбедување пристојни услови за работа. Го донесовме Законот за минимална плата и континуирано се работи на уште многу проекти за подобрување на достоинството на работниците. Веруваме во социјалниот дијалог во Македонија и оттаму очекуваме позитивни оценки за имплементацијата на европските стандарди. Познати ви се контролите за време на летните горештини, кои се правеа без разлика дали се работи за јавно или приватно претпријатие.  Донесени се Акционен план за младите и Национална програма за пристојна работа 2010 – 2013 година, што се комплексни документи со јасно поставени приоритети – објасни министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

На прашањето на новинарите за некои најави за либерализирање на работното законодавство претседателот Митревски одговори дека ССМ е категорично против било какво менување на работните права се додека трае кризата, односно воопшто не прифаќа било какви рестрикции на работните права.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc