СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

4.10.2012

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
Манифестации се одржуваат во приближно сто земји (фото документација на ИТУЦ)

Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на авономни и независни синдикати утре, на 5 октомври, ќе одржат зедничка конференција по повод Светскиот ден за пристојна работа.

Оваа година Светскиот ден за пристојна работа се одржува по петти пат. Во 2007 година, согласно Агендата на Меѓународната организација на трудот, усвоена во 1999 година, организациите Global Progressive Forum, Social Alert, Solidar, како и Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ), со цел враќање на достоинството на трудот, формираа Алијанса за достоинствен труд. Одзивот на синдикатите и на работниците во голем број земји во светот беше неочекувано голем, така што Меѓународната конфередација на синдикатите (ИТУЦ) од 2008 година 7. Октомври го прогласи и го одбележува како Меѓународен ден за пристојна работа, или за достоинствен труд. Синдикатите од приближно сто земји во светот организираат активности и се приклучуваат во одбележувањето на денот.

Секоја година мотото на денот е различно, како и начините на одбележување – демонстрации, мирно собирање, протести, конференции, излети, дефилеа, дописи до владите и други видови манифестации. Во 2012 година девизите се “Работа за младите“ и “За посветли работни денови“.

Меѓутоа во основата на овој меѓународен ден е достоинствениот труд.  Најкусо кажано достоинствениот труд е работа која овозможува добар живот. Или, според ИТУЦ, пристојната работа содржи четири компоненти: вработување, работно - социјални права, заштита и социјален дијалог.

По повод денот претседаталот на ИТУЦ Михаел Зомер и генералниот секретар Шејрин Бјуроу испратија допис до сите членки, во кое меѓу другото се вели:

“Со глобалната економска криза, која и понатаму ги погаѓа работните луѓе во сите делови на светот, синдикатите од светот уште еднаш повикуваат на мобилизирање, организирање настани и активности на 7 октомври, со цел да бараат достоинствени работни места и почитување на работничките права.

Кризата и неможноста или неподготвеноста на владите да ги обноват работните места и да обезбедат пораст посебно тешко ги погаѓа младите луѓе. Официјалните податоци говорат дека 75 милиони млади луѓе се без работа, дека повеќе милиони се заробени во неформалната економија или на несигурни работни места, додека десеттини милиони млади кои бараат работа немаат ни перспектива ни можност да најдат работа, или да добијат образование или обука  што ќе им ја олеснат работата во иднина. Невработеноста на младите луѓе има стапка од 60 насто во некои земји, а цела генерација на млади се соочува со опасноста да биде исклучена од пазарот на трудот. Ова е општествена и економска темпирана бомба. Од овие причини препорачуваме кризата на невработеноста на младите да биде карактеристика на вашите активности за Денот за пристојна работа.

Денот 7. Октомври оваа година паѓа во недела, што значи дека активностите во голем број земји ќе се продолжат на неколку дена. Освен тоа, секоја организација која ќе учествува во настаните ќе има свои приоритетни прашања што сака да ги нагласи за Денот за пристојна работа, и тоа како во својата земја, така и по пат на солидарни акции со работниците од други земји. Разновидноста на акциите и фокусот кон различни прашања се важна карактеристика на Денот за пристојна работа.

Економската криза и се посилното непријателско опкружување на работничките права во голем број земји се поставуваат како еден од најголемите предизвици пред глобалното синдикално движење. Заедничкото мобилизирање ќе помогне да му покажеме на светот дека синдикатите се подготвени и можат да продолжат да се борат со овие предизвици, да осигураат посветли денови за сите работни жени и мажи, посебно за младите работници.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc