ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
3.10.2012
Живко Митревски рече дека во сред економска криза работното законодавство не треба драстично да се менува
Живко Митревски рече дека во сред економска криза работното законодавство не треба драстично да се менува

Синдикатите и работодавачите треба да креираат автономна сфера на зачувувањето на работничките права, беше кажано на денешната тркалезна маса “Зајакнување на социјалниот дијалог во Македонија преку модернизација на пазарот на трудот користејќи го европското искуство“.

На тркалезната маса, што се одржа во организација на Организацијата на работодавачи, во склоп на словенечки проект, се зборуваше за “Примената на Законот за минимална плата е ефектите од законот“, “Состојбата на пазарот на трудот – модернизација преку развој на социјалниот дијалог“, “Состојбата на социјалниот дијалог во секторите земјоделие и трговија“.

Претседателот на ССМ Живко Митревски истакна дека во време на светска економска криза синдикатите и работодавачите треба да креираат автономна сфера на преговори, со која ќе излегуваат со готови решенија пред Владата. Не треба да чекаме државата да ги води сите проекти, туку ние, синдикатите и работодавачите, да креираме заеднички политики во работното законодавство.

Тоа би било олеснување за сите развојни проекти на државата, посебно за усогласувањето со европското законодавство. Усогласувањето на македонското со европското работно законодавство е огромна материја, за што многу субјекти не се доволно свесни. Станува збор за стотици закони кои внимателно треба да се претресат од ССМ и ОРМ. Меѓу останатото од тие причини е потребна партиципацијата во Националниот совет за евроинтеграција.

На изнесеното мислење од страна на ОРМ за измени на Законот за работни односи, односно за поголема флексибилност (откази, боледувања и други прашања)   претседателот Митревски реше дека во услови на криза не треба да се предизвикуваат турбуленции во работните права. Реално постојат потреби од дополнувања, постојат и разни контрадикции во законот, меѓутоа секое менување на работното закондавство може да ги усложни односите. Генералниот став на Синдикатот е да не се навлегува во работничките права, односно да не дозволи нивно намалување.

Еден од пожелните модели за двата социјални партнери е развивање на колективното преговарање и договарање на ниво на дејности, за што пример е Општиот колкективен договор за приватниот сектор, но и на неколку грански колективни договори, нагласи Митревски.

Претседателот на ОРМ Ангел Димитров ги претстави резултатите од истражувањето за примената на законот за минимална плата. Според добиените одговори од 23 претпријатија, произлегува дека законот не влијае битно на економските текови во стопанството. На сите десет прашања поголем процент одговориле дека законот е применлив, дека не морале да ги зголемуваат платите,  не ја намалува конкурентноста на претпријатијата, не влијае врз отпуштања и врз бројот на вработените, на навремена исплата на платите. Накусо,  законот има повеќе позитивни од негативни последици во вкупната економско – социјални состојби.

На тркалезната маса зборуваа Влатко Ѓорѓиевски, претседател за Здружението за земјоделие и трговија на ОРМ, на тема социјалниот дијалог во секторите земјоделие и трговија, и Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување, кој зборуваше за модернизацијата на пазарот на трудот преку развој на социјалниот дијалог. Ѓорѓиевски и Поповски исто така изнесоа став дека е потребна блиска соработка меѓу Синдикатот и работодавачите за усогласување на сите прашања.

На тркалезната маса се зборуваше и за положбата на сезонските работниици, при што беше нагласено дека тие треба да ги имаат истите права како и другите вработени.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc