СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕКС БЕРНАРДЕТ СЕГОЛ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
24.09.2012
Бернардет Сегол и Живко Митревски на Петтата школа на ЕТУЦ - ПЕРК
Бернардет Сегол и Живко Митревски на Петтата школа на ЕТУЦ - ПЕРК

Претседателот на ССМ Живко Митревски одржа работна средба со генералниот секретар на “ЕКС“ Бернардет Сегол, во рамките на Петтата летна школа на “ЕТУЦ - ПЕРК“.

Школата се одржа на 20 септември 2012 година и беше посветена на социјалниот дијалог и работното законодавство. На средбата беше разговарано за активностите на ССМ во поглед на преземените чекори околу развојот на социјалниот дијлог во РМ и активностите на ССМ во делот на работното законодавство. Исто така беше разговарано и за активностите во делот на здружувањето на синдикалното движење во Македонија.

Од страна на Генералниот секретар на ЕКС посебно беше нагласено значењето и позитивните активности што ги направи ССМ во делот на поттикнувањето на социјалниот дијалог (формирање Економско-социјален Совет, донессување на Закон за минимална плата, Закон за Европски работнички совети, ратификација на Конвенции на МОТ, стабилност во пензискииот систем), како и во делот на чекорите кои ги превзема ССМ во делот на справувањето со економската криза (стабилни работни места, елиминирање на процесот на отпуштања, стопиран процес на намалување на платите), потпишување на КД во приватниот сектор без намалување на работничките права, зголемен број на бенефицирани работни места и сл.

Во рамките на состанокот беа договорени и дополнителни активности коишто ќе се реализираат меѓу ИТУЦ, ЕКС и ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc