ВО “11 ОКТОМВРИ ЕУРОКОМПОЗИТ“ - ПРИЛЕП СРЕДБА НА ССМ СО МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
24.08.2012

24.08.2012_prilep

Владата на Република Македонија треба да биде вклучена во решавањето на состојбите и проблемите во „11 Октомври Еурокомпозит – АД Прилеп“. Основа за овој став е тоа што производната програма на претпријатието е насочена кон потребите на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

Ова е еден од заклучоците на денешната средба во претпријатието “Еурокомпозит 11 Октомври“ АД Прилеп, на која учествуваа претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство Пеце Ристески и раководството на Синдикалната организација на “Еурокомпозит“ со претседателот на Управниот одбор Бранко Чаплески, членовите на УО и членовите на менаџерскиот тим.

На средбата исто така е разговарано и за другите тековни состојби, посебно за неисплатените плати на работниците и за начините за решавање на овој проблем.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc