ОСНОВАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ТЕТОВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
24.08.2012
Вчерашната средба во Општина Тетово
Вчерашната средба во Општина Тетово

Вчера во Тетово е основан Локален Економско – социјален совет. Потпишана е Спогодба за основање и потоа се одржа Првата конститутивна седница на Локалниот ЕСС.

Потписници на Спогодбата се градоначалникот на Општина Тетово д-р Сади Беџети, претседателот на Организацијата на работодавачи на Република Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски.

Покрај учесниците на средбата присуствуваа амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД, сопственикот на “Ренова“ – Тетово Шефки Идризи, претставници на УСАИД и на други организации и институции.

Локалниот Економско – социјален совет има консултативно – советодавна функција, разгледува различни прашања од економскиот и социјалниот живот, дава свои мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и до другите органи. Посебно значење му се придава на прашањето на вработувањето на младите и зајакнувањето на врските меѓу пазарот на трудот и соодветното образование на младите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc