СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

21.08.2012
Сојузот на синдикатите на Македонија, согласно своите програмски определби, редовно ја следи социјално – економската состојба на работниците и животниот стандард.

Во оваа смисла ССМ од надлежните органи во континуитет бараше транспарентен пристап при донесување на одлуките во делот на поскапувањето на енергенсите, а посебно за електричната енергија.

Политиката на креирање на цени кои имаат директно влијание на економско – социјалните интереси на работниците се темелни вредности вклучени во спогодбата за формирање на Економско – социјалниот совет.

Од овие причини ССМ побара со свои обраќања уште на 7 август 2012 година, во интерес на социјалниот дијалог и на заштитата на стандардот на работниците, пред донесувањето на одлуките на Регулаторната комисија истите претходно да бидат разгледувани на седниците на Економско – социјалниот совет.

Ваквиот став беше проследен до Владата на Република Македонија, Регулаторната комисија за енергетика и Економско – социјалниот совет на Република Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc