РАБОТИЛНИЦА НА МОТ ЗА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
10.07.2012

 

10.07.2012_foto2
Од денешната работилница – Конвенцијата 151 се поклопува со најавеното потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор

“Работилница за превенција и решавање на работните спорови во јавниот сектор“ е наслов на Работилницата  на Меѓународната организација на трудот, што се одржува денес и утре во хотелот “Арка“ во Скопје.

Предавачи на работилницата се Карлос Карион – Креспо, секторски специјалист за јавен сектор, Одделение за секторски активности на МОТ во Женева, чии предавање гласи: “Зошто колективно договарање и решавање на работните спорови во јавниот сектор – методологија и очекувања на МОТ“, “Механизми на договарање“ и “Концепт на системот за решавање на спорови“. Карион – Креспо исто така ќе го промовира изданието на МОТ на македонски јазик “Прирачник за колективно доиговарање и решавање на споровите во јавната служба“.

Кристина Михеш, специјалист за трудово право и социјален дијалог на МОТ – Будимпешта, зборува на тема “Законодавниот процес на ратификацијата на конвенциите во Македонија“ и “Колективно договарање за родовата еднаквост“.

Д-р Тодор Каламатиев и неговиот асистент Александар Ристовски ја претставија GAP анализата на Конвенцијата 152 на МОТ за работните односи во јавната служба и македонската легислатива.

Емил Крстаноски, национален координатор на МОТ за Македонија, информираше дека ССМ и КСС се иницијатори за усвојување на Конвенцијата 151 на МОТ, која е доста важна за уредувањето на работните односи во јавните служби.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека иницијативата за Конвенцијата се поклопува со најавеното потпишување на Општиот колкективен договор за јавниот сектор. Целта на собирот е зголемување на капацитетите на членовите на синдикатите за регулирање на работните односи во администрацијата и јавните служби. Значајно е што овие дискусии и анализи се значајни за политиките за справување со економската и финансиската криза, која се чувствува и во Македонија.

Потребно е да се најде колку колективниот договор е компатибилен со меѓународните стандарди. Колективното договарање не треба да биде еднонасочен процес, односно не е продуктивно да го форсираат само синдикатите. И Владата како работодавач во јавниот сектор треба да вложи труд и волја за да ги лоцира проблемите, изјави Карлос Карион- Креспо.

Професорот д-р Тодор Каламатиев објасни дека една од целите е анализата да стигне до законодавната власт. Идентификацијата на проблемите и на состојбите е почеток, додека потешката фаза е сознанијата да стигнат до законодавната власт, која треба да ја ратификува Конвенцијата 151 и да ја имплементира во законите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc