СООПШТЕНИЕ НА ССМ ЗА ТОПЛОТНИОТ БРАН И УВ ЗРАЧЕЊЕТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

Сојузот на синдикатите на Македонија, заради топлотниот бран и високото УВ зрачење, кое деновиве ја зафати нашата држава, до работодавачите упатува препорака да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа и да преземат превентивни мерки и да обезбедат услови за работа соодветни на временските услови и кои нема да бидат штетни и да претставуваат ризик по здравјето на вработените.

Работодавачите имаат обврска и должност да ја идентификуваат опасноста во услови на природни непогоди, како што се деновиве екстремно високите воздушни температури, и да ги информираат вработените за ризиците по нивното здравје и живот, да обезбедат соодветна организација на работата и потребни заштитни средства и уреди, со цел да се избегнат можните опасности и последици по здравјето на кои се изложени при работата, особено вработените кои работат на отворено.

Сојузот на синдикатите на Македонија апелира, во интерес на здравјето и безбедноста на вработените и продуктивноста на трудот, работодавачите да го испланираат и приспособат работниот процес, работните простории и работната околина на потребите на работниците, да ги заштитат од високите температури и штетното влијание на УВ зраците врз нивното здравје.

Сојуз на синдикатите на Македонија

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc