СЕМИНАР ЗА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ПРАКТИКАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
25.06.2012
Д-р Живко Митревски на денешниот семинар: клучна задача е во услови на светска криза да не дозволиме намалување на работничките права во Македонија
Д-р Живко Митревски на денешниот семинар: клучна задача е во услови на светска криза да не дозволиме намалување на работничките права во Македонија

“Законот за работни односи и неговата примена во практиката“ е наслов на семинарот што се одржа денес во Скопје, во хотелот “Холидеј Ин“, во организација на Здружението на правници на Република Македонија.

На семинарот зборуваа Теофил Томановиќ, судија во пензија, на тема “Некои спорни прашања од примената на Законот за работни односи и неговите недоречености“, Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје, на тема “Законот за работни односи и Законот за трговски друштва кај деловните лица (менаџери)“, додека претседателот на ССМ д-р Живко Митревски настапи со темата “Законот за работни односи и решенијата во новиот Општ Колективен договор во јавниот сектор чие потпишување се очекува кон крајот на јуни“.

Претседателот д-р Митревски зборуваше за промените во концептуалното уредување на индустриските односи во државата во изминатите две децении, посебно за неколкуте последни години. Неговата дискусија се однесуваше на институционализацијата на социјалните партнери, нивната легитимизација, репрезентативноста на синдикатите и решенијата околу утврдувањето на репрезентативноста на различни нивоа. Претседателот зборуваше за усогласувањето на Колективниот договор со Законот за минимална плата, потоа за прашањата на надоместоците, коефициентите на сложеност, заштитата на синдикалните претставници, надоместокот за време на штрајк, договорите за вработување, забраната за дискриминација, информирањето на работниците, опфатеноста на јавните претпријатија кои се на буџет или на самофинансирање во општите колективни договори и за други прашања.

Митревски изнесе дека во секој случај имаме унапредување на просторот на колективните договори и зголемување на општите капацитети за уредување на односите меѓу социјалните партнери.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc