СРЕДБА НА СИНДИКАЛНИОТ АКТИВ НА ШУМАРСТВОТО СО ДИРЕКТОРОТ НА ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

18.06.2012

Приоритет за двете страни е зачувување на сите работни места
Приоритет за двете страни е зачувување на сите работни места

“Јавното претпријатие “Македонски шуми“ и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика имаат приближно исти видувања и ставови за начинот на работењето, надминувањето на проблемите, положбата на вработените и за другите состојби во македонското шумарство.

Ова е заедничкиот став на генералниот директор на ЈП “Македонски шуми“ Жарко Караџоски и претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, на денешната работна средба со претседателите на синдикалните организации на подружниците на јавното претпријатие.

Директорот Жарко Караџоски информираше за актуелните состојби и проблеми во претпријатието и плановите за трансформација на претпријатието. Караџоски посебно ја истакна корисноста од соработката со Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика.

Претседателот на ССМ и на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика д-р Живко Митревски рече дека соработката на двете страни посебно е значајна за зачувувањето на работните места и дека положбата на вработените и понатаму ќе биде приоритет.

На средбата синдикалците се информирани за активностите околу усогласувањето на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc