ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ПОЧНАА ЛЕТНИТЕ ГОРЕШТИНИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

14.06.2012

Мало освежување од зажарените зраци
Мало освежување од зажарените зраци

Летните тропски бранови не се пријатни за никого. Најмалку за градежните работници, за кои периодот на суво, топло време и долг ден традиционално, со векови, е најударната сезона на засилено работење.

Тие не се жалат, велат работата си е работа, нормите се дадени, денеска треба да се направи тоа и тоа. Човек кој отстрана ги гледа ископите, скелињата, машините, алатките, гредите, сите покриени со жолтеникава прав која го зголемува отсјајот на јарката летна светлина и не тера да замижуваме, ќе се праша како овие луѓе издржуваат. Ниту прекинуваат, ниту можат да се засолнат под сенка, а сепак изгледаат како усвитената омарнина воопшто не им пречи.

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање СГИП ги посети своите членови на едно градилиште и им подели студени пијалоци. Мал и симболичен чин, кој е само еден зрак на првото начело на синдикализмот, општата меѓучовечка солидарност. Лименките “Кока кола“ или шишињата “Пелистерка“ сами по себе не значат многу, но работниците, видливо трогнати, почувствуваа дека свои дошле кај своите.

Минатата година, за време на тропскиот бран што траеше цел август, ССМ и СГИП исто така апелираа на скратено работно време за луѓето кои работат на отворено, најпрво за градежниците, како и за бремените жени, постарите и хроничните болни. Ова е најава дека Синдикатот ќе интеревенира ако повторно фатат тропски топлотни удари. Сепак и човечката издржливост има граници.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc