ЗАПОЧНА ОБУКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
7.06.2012
Слушатели се службеници во банките и финансиските институции
Слушатели се службеници во банките и финансиските институции

Со денешниот семинар започнува уште еден циклус обуки, и тоа од стручен карактер. Со тоа ССМ, заедно со СФДМ, дава придонес во општите напори на нашата земја за прифаќање и имплементирање на меѓународните стандарди и  упатствата на ЕУ. На домашен план во прашање е спречувањето на злоупотребите, кои можат да нанесат големи штети за луѓето.

 

Ова е изјавата на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски на отворањето на денешниот семинар “Спречување на перење пари и финансирање троризам“. Претседателот на Синдикатот на финансиски дејности Гоце Селовски објасни дека обуката не е од чисто синдикален карактер, туку навлегува во стручен дел, што е новост во досегашната практика..

Д-р Гоце Трајковски објасни дека спречувањето на перењето пари во Република Македонија започна пред 10 години, со донесување посебен закон. Република Македонија е упатена да ги следи препораките на институцијата FATF  - Financial Action Task Force, така што на семинарот ќе бидат обработени новите препораки на оваа институција.

Професорот Владимир Наумовски информираше дека перењето пари е најсофистициран вид криминал, на кој отпаѓа два отсто од бруто светскиот производ. Во борбата против нелегалното финансирање се вклучени највисоките светски институции, како ОН, Советот на Европа, Советот на ЕУ. Тоа е светски тренд со засилено темпо, додека стручњаците се многу платени и многу барани.

Обуката е наменета за службениците во банките, штедилниците и финансиските институци. Предавачи се д-р Гоце Трајковски, м-р Искра Ивановска Стојановска и Анита Томевска, чии теми се: “Политики и процедури за спречување на перење пари и финансирање на тероризам“, “Превентивни мерки за спречување на перење пари и финансирање тероризам и “Контрола на процесот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc