ПРОМОВИРАНА СТУДИЈАТА НА МОТ ЗА РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
7.06.2012

 

Живко Митревски рече дека ССМ ќе се заложи за надминување на дискриминацијата во платите
Живко Митревски рече дека ССМ ќе се заложи за надминување на дискриминацијата во платите
Разликата во платите меѓу мажите и жените во Македонија не е голема, но сепак постои и изнесува приближно седум отсто на национално ниво. Тоа е еден од наодите во “Студијата за родовиот јаз во платите во Република Македонија“, на Меѓународната организација на трудот.

 

Публикација беше претставена на вчерашниот семинар, што се одржа во организација на МОТ – Канцеларија во Скопје и на Секцијата на жени при ССМ. Семинарот е дел од програмата за пристојна работа 2010 – 2013 година“, која МОТ ја спроведува во партнерство со ССМ и со други објекти.

За студијата зборуваа националниот координатор на МОТ за Македонија Емил Крстаноски и Реико Цицушима, специјалист на МОТ за работни услови и родова еднаквост.

Претседателот на ССМ Живко Митревски рече дека ова прашање е од исклучителна важност за ССМ. Сознанијата се корисни и ќе настојуваме прашањето на нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените да влезе во вкупната платформа на дејствување на ССМ. Јазот на примањата според родот не е во согласност со Конвенцијата 100 на МОТ за еднакви плаќања, како и на Уставот на Република Македонија и трудовите закони – Законот за работни односи, Законот за антидискриминација и Законот за еднакви можности на мажите и жените. Социјалниот дијалог треба да се прошири и со прашањето на родовиот јаз, додека во моментов за нас е посебно значајно што во тек е усогласувањето на општиот и подоцна на гранските колективни договори, така што родовата дискриминација може да се инкорпорира и во тие документи. Секако дека дискриминацијата во платите треба да претставува фактор и во новите закони.

Собирот го поздрави Елизабета Гелевска, претседател на Секцијата на жени при ССМ. Гелевска информираше дека ова прашање е на примарен план во стратешните активности на ССМ. Секцијата на жени за ова прашање соработува со МОТ повеќе од една година и наодите во студијата ќе бидат основа за идната агенда на секцијата.

На семинарот Реико Цицушима зборуваше за студијата исто така беше претставен деталниот водич “Родово неутрална евалуација на работните места за еднаквоста на примањата – упатство чекор по чекор“.

Според студијата на МОТ од аспект на професиите, жените се порамномерно распоредени, но се забележува мала сзастапеност кај законодавците, вишите функционери и раководителите. Анализата на платите покажува дека и кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, додека платниот јаз е најзастапен кај нискоквалификуваните жени. Студијата исто така опфаќа инструменти за намалување на платниот јаз.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc