СЕМИНАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ “ECBOHS“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Џеф Бриџфорд ги запозна учесниците со заштитата во европските земји
Џеф Бриџфорд ги запозна учесниците со заштитата во европските земји
31.05.2012

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа семинарот “Улогата на синдикалниот претставник за унапредување на безбедноста и здравјето при работа“. Слушатели беа претседатели на синдикални организации од синдикатите здружени во ССМ.

Семинарот го отвори секретарот на Советот на ССМ Анѓелко Анѓелковски, додека Белинда Николовска, генерален секретар на Организацијата на работодавачи, ги запозна присутните со активностите за безбедноста и здравјето од страна на асоцијата на работодавачи. Медијаторот Инда Савиќ од ССМ зборуваше за улогата, задачите и одговорностите на синдикалните претставници.

На семинарот предаваше Слободанка Таушанова, инспектор за безбедност и здравје од Државен трудов инспекторат. Џеф Бриџфорд, поранешен директор на “Европскиот синдикален колеџ“ зборуваше за политиките и проблемите со безбедноста и здравјето во европските земји. Бриџфорд ја водеше Работилницата “Што можат да направат синдикалните претставници за да ја подобрат нивата работа?“.

Денешната обука е дел од проектот “Европски мостови на соработка за безбедност и здравје“ (ECBOHS), во чии рамки се одржани повеќе конференции, семинари, тркалезни маси и работилници во Република Македонија и во други земји.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc