ОДРЖАНА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
30.05.2012
Денешната седница на Советот на ССМ
Денешната седница на Советот на ССМ

Денес се одржа Шестата седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија. Претседателот Живко Митревски на советниците им ја објасни содржината на Предлог – законот и потребата од донесување посебен закон.

Предложениот текст на ССМ, кој ќе се достави до Економско – социјалниот совет, дава одговор на најбитните прашања околу мобингот. Опфатени се правата и обврските на работниците и работодавачите, постапките, судската заштита, прекршочните одредби и другите компоненети кои целосно ја покриваат материјата на мобингот.

Како што е познато, ССМ на Први мај официјално ја започна кампањата за донесување посебен закон за мобинг. Резултатите од анкетата и од проектот што го водат ССМ и Синдикатот за финансиски дејности покажаа дека има потреба од донесување на посебен закон против психичкото малтретирање на работните места. Анкетите покажаа дека една третина од анкетираните работници почувствувале психички притисок на работните места. Во текот на месец мај, пак, одржана е обука во три дела на антимобинг советници и доделени се дваесет лиценци на антимобинг советници.

Советот расправаше и за други тековни прашања, посебно за ставовите и позицијата на ССМ околу Законот за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc