ПРЕДЛОЗИ НА ССМ ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Од 12. Седница на ЕСС
Од 12. Седница на ЕСС
17.05.2012
Сојуз на синдикатите на Македонија

Извршниот одбор на Претседателството на ССМ на 30.04.2012 година одржа состанок на кој беше разгледан Предлогот на Законот за пензиското и инвалидското осигурување при што го подржаа  донесувањето на новиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување, кој претставува обезбедување на една целина во која се вклопени многубројните досегашни измени и дополнувања кои законот го правеа тежок за применување.

Во врска со текстот на Законот, Извршниот одбор ги утврди следните:

П Р Е Д Л О З И

1. Во членот 18, покрај условот возраст за стекнување на право на старосна пензија да се предвидат уште два услова за пензионирање со додавање на два нови става 2 и 3 и тоа:

(2) ,, Осигуреникот стекнува право на предвремена старосна пензија по негов избор, кога ќе наполни 60 години живот и најмалку 15 години пензиски стаж.

(3) ,,Осигуреникот стекнува  право на старосна пензија и пред исполнувањето на старосната граница за стекнување право на старосна пензија утврдена во ставот 1 на овој член, под условите утврдени за  работните задачи на работното место од соодветната дејност, гранка или оддел,,.

Врз основа на предложениот став 3 на членот 18, по членот 18, треба да се предвиди нов член во кој ќе се утврдат условите под кои може да се оствари правото од став 3 на член 18 и во која дејност, гранка или оддел. Со посебен Правилник треба да се утврдат работните места кои ќе го обезбедуваат правото од предложениот став 3 на член 18.

Според ССМ, потребата од постоење на повеќе услови за пензионирање е неопходност во Република Македонија бидејќи постоењето само на еден услов за пензионирање, не може да ги апсорбира сите специфични отежнати услови за работа во одделни дејности и гранки, неможноста да се работи поради здравствени проблеми и проблеми што ги создаде транзицијата ( стечајни работници, работници технолошки вишок, социјални случаи, кои неможат повторно да се вработат било поради годините на возраст, или не се со квалификации што ги бара новото време на работење).

Нашата држава е единствена држава во регионот и во земјите од Европската унија каде што постои само еден услов за пензионирање. Најчесто покрај возраста како услов за пензионирање се јавува и тк.н. општ услов за пензионирање и тој се остварува на 60 години возраст.

Сојузот на синдикатите на Македонија со подршка на Конфедерацијата на слободни синдикати во месец февруари 2011 година до Владата на РМ и до Министерството за труд и социјална политика доставија Иницијатива за воведување на повеќе услови за пензионирање во Законот за ПИО (во која се содржани и горе наведените предлози), по која сеуште нема званичен одговор.

2. Во членот 19, се прифаќа алтернативата на ставот 2.
Исто така во овој член во посебен став или со посебен член да се утврди правото на одење во пензија за рударите кои работат во рудниците со подземен коп, со 55 години возраст и најмалку 25 години пензиски стаж.

ССМ ова го предлага бидејќи алтернативата е појасна и поприменлива. Исто така се предлага за рударите кои работат во рудниците со подземен коп, да имаат право како и дел од вработените во армијата и полицијата да одат во пензија со 55 години возраст и најмалку 25 години пензиски стаж, бидејќи рударите работат на особено тешки работни места под земја и во тешки условите на работа.

3. Во членот 120, текстот на ставовите 1 и 2  се менува и гласи:

(1),, Вкупната стапка на придонесот за првиот и вториот пензиски столб изнесува 18%.

(2) Придонесот од став 1 се распределува на 12% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност (прв столб) и 6% за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување ( втор столб).

Според мислењето на ССМ, во самиот Закон за ПИО треба јасно да се утврди како вкупната стапка на придонес за ПИО, така и поединечната за секој пензиски столб.

4.    Во членот 156

- во ставот 2 по зборот ,,има,, зборот ,,седум,, се заменува со зборот ,,девет,,.
- во ставот 2 во втората реченица зборот,, пет,, се заменува со зборот ,,шест,,
- во ставот 2, текстот на алинеа три се менува и гласи: ,, двајца преставници  предложени од репрезентативните синдикати членови на Економско социјалниот совет,,

Во ЕСС се членови два репрезентативна синдиката на национално ниво. Секој од нив сигурно сака да биде член на Управниот одбор и може да настанат проблеми при одлучувањето кој да биде застапен. Поради овие причини ССМ предлага зголемување на бројот на членови на Управниот одбор на Фондот за ПИО и во истиот да бидат застапени двата репрезентативни синдиката.

5. Во членот 228,
- ставот 2  треба попрецизно да се уреди, согласно досегашниот член 193б став 2.

Имено, треба да се утврди дека овој став се однесува за осигурениците на кои им се зголемува пензиската основица за 1,61%, за секоја година пензиски стаж над 40 години пензиски стаж (маж) односно над 35 години пензиски стаж (жена) по 1 јануари 2013 година.

Исто така примената на овој став од членот 228 нетреба да се ограничува со членот 230 став 1, туку треба да се применува према сите осигуреници кои ќе работат над 40 односно 35 години пензиски стаж.

- во ставот 3,  во последната реченица од тој став, зборовите ,, а до 31 декември 2012 година,, да се бришат.
- ставот 4 да се брише, бидејќи со бришењето на предложените зборови во ставот 3 (во претходната алинеа), се обезбедува натамошна примена на досегашните коефициенти 1,8% (маж), 2,05% (жена) и од 1 јануари 2013 година.

Со овој предлог ССМ смета дека во сегашни услови на економска криза и кога имаме намалување на процентот на плаќање на придонесот, нетреба да се намалува процентот со кој се пресметува пензијата на годишно односно на ниво од најмалку шест месеци. Исто така во овој член треба попрецизно да се утврди за кого се однесува ставот 2 од член 228.

6. Во членот 230,  ставот 1 да се преформулира и со истиот да не се ограничува висината на  пензијата од 80% до 2015 година, кое нешто не соодвествува со ставот 2 на членот 228. Висината на највисоката пензија треба да се утврди прецизно, едноставно и јасно во посебен став, затоа членот 230 треба да се преформулира.

Содржината на овој член ќе создаде проблеми бидејќи со истиот се ограничива одредено право дадено во друг член на истиот закон. Заложбата на пензиската реформа беше колку работиш толку пензија и да добиеш, со тоа што како основа за утврдување ќе се земаат сите години на пензиски стаж. Со овај член тоа се ограничува.

7. Во членот 248 се предлага зборовите после запирката во третиот ред ,, а одредбите од член 19 став (3) ке отпочнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година,, да се бришат.

Со оглед што е донесен Правилникот за утврдување на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, ССМ бара истиот да се применува со влегувањето на сила на Законот за ПИО, а не од 1 јануари 2013 година.

 

Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател,
д-р Живко Митревски

 

Од 12. Седница на ЕСС

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc