ЧЕСТИТИКИ ОД МОТ ЗА УСВОЕНИТЕ КОНВЕНЦИИ

Имено, на 19 март 2012 година Собранието на Република Македонија на 26. седница ратификуваше четири конвенции на МОТ: Конвенција за вршење работа дома, Конвенција за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа, Конвенција за заштита на мајчинството и Конвенција за приватни агенции за вработување. Исто така, во месец јуни 2010 година е ратификувана Конвенцијата 94 на МОТ, која ги регулира социјалните клаузули во јавните набавки.
ССМ се јавува како иницијатор на усвојувањето на конвенциите на МОТ, посебно оние кои се значајни за трудовите и социјалните односи. Преку Економско – социјалниот совет, учеството во работата на собраниските комисии и воопшто преку својата општа агенда ССМ настојува меѓународните конвенции да се ратификуваат од македонската држава и потоа да се имплементираат во македонското законодавство.
Ги пренесуваме писмата на МОТ до претседателот на ССМ.
Почитуван г. Митревски,
Навистина Ви благодарам за писмото од 27 март 2012 год. во кое информирате за неодамнешниот напредок во поглед на ратификацијата на конвенциите на МОТ, како и за други прашања кои се од значителна важност за работниот народ на вашата земја.
Се работи за важни постигнувања и се надевам дека ќе имам можност да читам извештаи за успешна примена на трудовите стандарди во наредните години.
Како што ви е познато, ние ги добиваме тие информации преку Националниот Координатор Емил Крстановски и канцеларијата на МОТ во Скопје. Ве молиме и понатаму да останете во близок контакт со него и со Овидиу Јурца, сениор специјалист за работнички активности од МОТ Будимпешта, за да можеме заеднички да одредиме која е најдобрата поддршка за Сојузот на синдикатите на Македонија, во граници на нашите можности.
Со почит,
Марк Левин
Директор
Почитуван г. Претседател,
Јас и моите колеги од ILO DWT.CO.CEE бевме многу среќни кога ја добивме информацијата за ратификацијата на конвенциите за промотивна рамка за БЗР, за заштита на мајчинството, за приватните агенции за вработување и за работа од дома.
Би сакал да и честитам на вашата организација и на севкупното синдикално движење кое беше инволвирано во процесот, како и на Владата и Парламентот.
Ратификацијата на гореспоменатите конвенции го проширува полето на нашата идна соработка за нивно транспонирање во националното законодавство и во пракса, како и за примена и наредни активности.
Исто така сум сигурен дека за наредните активности Вие и вашите колеги ќе можете да сметате на поддршката на ITUC-PERC.
Со почит,
Сениор специјалист за работнички активности
Овидиу Јурца