СЕМИНАР ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И СИРОМАШТИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

7.05.2012

СЕМИНАР ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И СИРОМАШТИЈАТА
Претседателот Митревски на семинарот: потребна е мудрост и стартегија
за решавање на ова општествено зло...

“Пазарот на трудот и новата сиромаштија, стратегии за синдикалните организации во поглед на новиот феномен сиромашни работници  - искуства од Република Македонија и ЕУ“ е наслов на семинарот што се одржа од 3 до 6 мај 2012 година во Охрид. Организатори на семинарот беа Унијата на автономни и независни синдикати и институцијата на “EZA“ од Европската Унија.

На семинарот присуствуваа претставници на Министерството за труд и социјална политика, експерти од ЕУ, Конфедерацијата на слободни синдикати, Организацијата на работодавачи и од синдикатот “BSPK“ од Косово.

Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија зборуваше преседателот Живко Митревски, која ја претстави платформата на ССМ за справување со ова општествено зло. Имено, мерките против сиромаштијата се едни од најважните во вкупната агенда на Сојузот. ССМ во 2010 година изнесе свој пакет антикризни мерки, од кои дел се прифатени во владината антикризна програма. На Економско – социјалниот совет, како и со учеството во собраниските комисии, постојано се иницираат предлози, закони и мерки за ублажување на последиците од економската криза, посебно за социјално засегнатите слоеви на граѓаните. ССМ учествува во работата на Регулаторната комисија за енергетика, со што има можност за влијание врз цените на енергенсите, кои се се покрупна ставка во семејните буџети.

- Оваа појава е присутна во сите делови на светот, во развиените и нерзавиените земји. Денес приближно една милијарда луѓе живеат на работ на егзистенција. Република Македонија е држава која исто така се соочува со овој проблем. Познато е дека невработеноста и ниските плати се најголемите причинители на сиромаштијата. Ако во 1997 година стапката на сиромшни изнесуваше 19 отсто, во 2010 година стапката беше 31 отсто, што значи дека една третина од населението се соочува со сиромаштијата. Ова укажува на фактот дека пред нас е еден тежок и комплексен проблем, за кој е потребно време, мудрост и стратегија – објасни претседателот Митревски на семинарот.

Воопшто речиси не постои сегмент од програмите и кампањите на ССМ каде не се вклопени конкретни мерки за борба против сиромаштијата. Инаку службите на ССМ редовно ги следат сите состојби, промени и тенденции околу сиромаштијата, и тоа како со користење на официјалните статистички податоци така и со помош на сопствената организациона структура.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc