ДЕНЕС ОДРЖАНА ШКОЛА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
5.05.2012
Предавачите им порачаа на младите да бидат храбри во остварувањето на нивните права
Предавачите им порачаа на младите да бидат храбри во остварувањето на нивните права

“Теорија и пракса на работното законодавство“ е тема на Школата за млади синдикални лидери, која се одржува денес во хотелот “Порта“ во Скопје. Предавачи се доктор Тодор Каламатиев и магистер Александар Ристовски од Правниот факултет “Јустинијан Први“, додека учесници се членови на младинските секции на Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на автономни и независни синдикати.

Во поздравниот говор претседателот на ССМ доктор Живко Митревски на слушателите им порача дека тие се иднината на синдикалното движење во Македонија и дека треба да бидат храбри во остварувањето на нивните работни права и во решавањето на конфликтните ситуации.

Денешната и идните обуки се значајни и за идната улога на младите синдикални лидери. Ние сме во период на големи општествени и политички промени и оттаму се постави прашањето дали синдикатот ги следи процесите што произлегуваат од општата транзиција и глобализација. Една од грешките на општествениот живот, посебно забележлива во политиката, е поистоветување на едно движење со лидерот. Ние сметаме дека тоа е погрешен пристап и дека силата лежи во професионалноста и стручноста на сите членови на една организација. Токму денешната школа и идните проекти чија целна група се младите синдикалци е во правец на осовременување и оспособување на синдикалното движење. Затоа сметаме дека е потребен современ модел за образование и обука на синдикалното лидерство кај младите, порача претседателот Митревски.

Професорот Тодор Каламатиев ги запозна слушателите со Законот за работни односи, постапката за засновање работен однос, одморите и отсуствата, материјална одговорност на работниците, заштитата шри работа, додека Александар Ристовски зборуваше за начелата на работниот однос, договорите за вработување, флексибилните договори за вработување, работното време и платите и престанокот на работниот однос.

Бидјеќи ова се прашања со кои работниците секојдневно се судираат во работните средини на школата се разви широка дискусија. Исто така се одржаа работилници, на кои сите слушатели го искажаа нивното мислење.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc