ИЗВЕШТАЈ НА BWI ЗА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО, ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
03.05.2012_bwi3.05.2012
Светската федерација на синдикатите од шумарството и градежната индустрија (Building and Wood Workers International) на својот веб сајт објави опширен извештај за одржувањето на Вториот конгрес на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија.

 

На конгресот, што се одржа на 24 април во Охрид, присуствуваа генералниот секретар на BWI Амберт Јусон и функционерот на BWI Јасмин Реџеповиќ. Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика  и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) се полноправни членки на BWI.

Извештајот на BWI го пренесуваме во целост:

Македонија: Вториот Конгрес на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетиката на Македонија одлучи да се зајакне сертификацијата на шумите и безбедноста и здравјето во шумарството

Вториот Конгрес на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетиката на Македонија – СИДЕМК под слоганот “Заедно сме посилни, ќе продолжиме заедно”, се одржа на 24 април 2012 год. во Охрид, Македонија. На конгресот присуствуваа 38 делегати, повеќе од 90% од 41 делегат, како и гости, меѓу кои и Амбет Јусон, Генерален секретар на БВИ и Јасмин Реџеповиќ, Асистент за едукација, Радомир Стевиќ, претседател на делегацијата на Синдикатот за шумарство на Србија и бројни претставници на братски организации од Македонија кои присуствуваа на настанот. Конгресот повторно го избра Живко Митревски за претседател на репрезентативниот синдикат кој брои повеќе од 2000 членови. 38-те делегати усвоија резолуција за сертификација на шумите, како и претседателство и надзорен одбор.

Новата акциска програма за 2012 – 2017 се фокусира на

  • развој на интерни демократски процеси и јакнење на организацискиот модел на синдикатот преку организирање и регрутирање на ново синдикално членство, умрежување и нов пристап кон членовите,
  • синдикална едукација и обука,
  • меѓународна соработка преку под-регионални и глобални кампањи,
  • колективно преговарање и зголемено учество на работниците,
  • трансформирање на ЈП Македонски шуми и сертификација на шумите и
  • учество во кампањите и активностите на ССМ – Сојузот на синдикатите на Македонија, градење на силно и репрезентативно синдикално движење на национално ниво.

Конгресот усвои Резолуција за сертификација со која повторно се потврдува заложбата на СИДЕМК за процесите на сертификација на шумите, со која се бара од Владата промовирање на сертификацијата на шумите која ќе го гарантира потеклото на производите произведени под достоинствени услови за работа. Од БВИ се бара да продолжи со помошта која ја дава на СИДЕМК за сертифкација на шумите.

“постигнавме значителни резултати за и со нашите членови во однос на колективното преговарање и социјалниот дијалог, што беше од витално значење во задржувањето на работните места и подобрување на условите за работа во услови на економска криза. Сепак, во областа на БЗР очекуваме од работодавачите поредовни обновувања на опремата за БЗР, со што ќе дојде подобрување на БЗР воопшто. Затоа ќе продолжиме со кампањата за организирање на безбедна работа со инспекции на лице место заедно со соодветните владини агенции, како и инспекции на компаниите подизведувачи во секторите на шумарството и преработка на дрво. На оваа кампања ќе работиме заедно со нашата глобална организација - БВИ”, истакна Живко Митревски во своето обраќање до делегатите на Конгресот.

“Дрвото е добро, достоинствената работа е подобра, а одржливото шумарство е најдобро, па затоа треба глобално да дејствуваме за да ги спречиме климатските промени, за да ја спречиме несигурната работа со секојдневни фатални несреќи, како и да водиме кампањи за достоинствена работа и подобра грижа за работниците од шумарството. Многу сме горди што вашите лидери започнаа процес на консолидирање на синдикалната структура, со градење на поединствена и посилна организација при што глобалната солидарност е во центарот на работничката борба”, рече Јусон.

Радомир Стевиќ рече “Ние како работници и синдикални претставници сме заинтересирани за добри и квалитетни работни услови, достоинствени плани и социјална сигурност. Денес, трудот е во незавидна ситуација и мораме да се бориме на локално, национално и регионално ниво. Затоа, ќе се бориме заедно и ќе се поддржуваме за подобра иднина на сите работници.”

Пред Конгресот на СИДЕМК, на 23 април 2012 во Скопје, се одржа средба на високо ниво со Министерот за труд и социјални работи Спиро Ристовски, Генералниот секретар БВИ Амбет Јусон и Претседателот на СИДЕМК Живко Митревски. Министерот ја информираше делегацијата на БВИ за напредокот во полето на социјалниот дијалог преку дејствувањето на националниот Економско - социјален Совет, како и за иницијативата за локални и децентрализирани структури на социјалниот дијалог. По кампањата на Македонските синдикати во 2011, се усвои Законот за минимална плата  која беше договорена меѓу социјалните партнери. Важноста на вработувањата и пристојната работа на зелените работни места поврзани со македонските напори за менаџмент на одржливо шумарство и големите инфраструктурни проекти, како што се проектите на Коридорите 8 и 10, финансирани од банките за развој и ЕУ фондови, беа идентификувани како области во кои социјалните партнери на локално и национално ниво треба да одиграат активна улога во обезбедувањето на одржлив економски и социјален развој во Македонија.

На прес конференцијата Генералниот Секретар на БВИ ја поддржа постојаната активност на земјата за развој на социјалниот дијалог, ратификацијата на важни Конвенции на МОТ, како К94 за јавни набавки  и К187 “Конвенција за промотивна рамка за БЗР” чија имплементација е во тек.

Делегацијата на БВИ го посети синдикатот и локалниот менаџмент на ЈП Македонски шуми во подружницата во Кавадарци која вработува повеќе од 200 вработени и со висока густина на синдикално членство и се дискутираше за главните синдикални активности.

Македонија зафаќа 2 543 200 хектари земја. Вкупната покриеност со шуми е 1.091.857,59 хектари, од кои 835.055,82 хектари се целосно покриени 256.801,77 хектари се гола површина. (Извор 2008: Специјални планови за менаџмент со шуми). СИДЕМК започна со разговори за сертификација во 2000 и постојано лобира за одржливо шумарство со поддршка на БВИ кој игра важна улога во глобалната синдикална соработка за сертификација на шумите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc