ОБУКИ НА АНТИМОБИНГ СОВЕТНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

2.05.2012
Сојузот на синдикатите на Македонија, Синдикатот на финансиски дејности на Македонија и Експертскиот тим на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг во месец мај организираат обука во три дела за антимобинг советници.

Првиот дел на обуката “Општо запознавање со законските одредби и улогата на ССМ и синдикалните посредници во примената на законот и потреба од донесување посебен закон за заштита од мобинг“, се одржа вчера, на празникот Први мај. Предавачи беа Артемис Периќ, тренер и советник за мобинг, која зборуваше за методологијата за проценка на мобинг, Емилија Угриноска, чие предавање беше за психосоцијалните аспекти на мобингот и Маја Ристова, која ги објасни правните аспекти и правната заштита од мобинг.

Трите предавачи се членови на Експертскиот тим на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг. Слушатели се претставници и членови на гранските синдикати здружени во ССМ.

Вториот дел на обуката, која ќе се одржи за десеттина дена, е на тема “Постапка на прифаќање на мобираните работници, советување, едукација и пружање стручна помош“. Третиот дел е на тема “Искуството од досегашната пракса од работата на канцеларијата за мобинг и презентација на обработените случаи и резултати од застапувањето на работниците“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc