ДЕНЕС ОДРЖАН КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
24.04.2012
ДЕНЕС ОДРЖАН КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВОДенес во Охрид се одржа Вториот Конгрес на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија. За претседател во наредниот петтогодишен мандат е избран доктор Живко Митревски, кој и досега ја извршуваше истата функција.

На Конгресот е усвоен нов Статут и е донесена Програма за дејствување на Синдикатот во периодот 2012 – 2017 година. Исто така е усвоена Резолуција за сертификација на шумарството.

Покрај делегатите и гостите од синдикатите и од други институции од земјава, на Конгресот присуствуваа Амберт Јусон, генерален секретар на BWI, Светската федерација на синдикатите од шумарството и градежната индустрија, Јасмин Реџеповиќ, функционер на BWI, и претседателот на Самостојниот синдикат за шумарство и преработка на дрво на Србија Радомир Стевиќ.

Во уводното излагање претседателот Митревски ги назначи главните предизвици и задачи на Синдикатот. Во наредниот период најголемата битка што ќе ја води синдикатот е сигурноста на работата и зачувувањето на работните места. За остварување на поставените задачи попотребно од било кога се единството, солидарноста и решителноста на настапите. Секој член треба да сфати дека активното членување, спроведувањето на одлуките, синдикалното единство и солидарноста носат резултати и ја сочинуваат силата на еден синдикат. И во наредниот период ќе се водиме според слоганот “Заедно сме посилни“, рече меѓу другото претседателот Митревски.

Во Програмата за дејствување 2012 – 2017 шесте главни точки се Развој на интерните демократски процеси и зацврстување на моделот на организирање, синдикално образование и обука, меѓународната соработка, колективното договарање, трансформација на ЈП “Македонски шуми“ и сертификација на шумарството во РМ и вклучување во активностите на ССМ.

 

DENES ODRZAN KONGRES NA SINDIKATOT ZA SUMARSTVO

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc