ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИОТ И СРПСКИОТ СИНДИКАТ ЗА ХЕМИЈА
18.04.2012
Спогодбата ја потпишаа претседателот на СХНМ Зоран Мироновски и претседателот на ССХНС Љубиша Несторовиќ, за време на посетата во Пролом Бања, што се одржа од 11 до 13 април.
Со спогодбата двата синдикати ги регулираат правата на македонските државјани кои работат во Србија и обратно, на српските државјани во Македонија. Меѓу другото се регулираат правата на годишен одмор, пензија, односно постигнато е сите права на лицата со друго државјанство да биде иста како и на работниците во матичната земја.
Една од целите на двата синдикати е да се приклучат и другите синдикати од овие дејности од екс – ју просторот, со цел координирање на заедничките интереси. Предност се долгогодишните врски, компатибилноста на стопанствата и сличноста на проблемите.