ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИОТ И СРПСКИОТ СИНДИКАТ ЗА ХЕМИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
18.04.2012
Зоран Мироновски и Љубиша Несторовиќ во Пролом Бања, Република Србија
Зоран Мироновски и Љубиша Несторовиќ во Пролом Бања, Република Србија
Синдикатот за хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ) и Самостојниот синдикат на хемија и неметали на Србија (ССХНС) потпишаа Спогодба за соработка, со која се регулираат работните права на државјаните на двете земји.

Спогодбата ја потпишаа претседателот на СХНМ Зоран Мироновски и претседателот на ССХНС Љубиша Несторовиќ, за време на посетата во Пролом Бања, што се одржа од 11 до 13 април.

Со спогодбата двата синдикати ги регулираат правата на македонските државјани кои работат во Србија и обратно, на српските државјани во Македонија. Меѓу другото се регулираат правата на годишен одмор, пензија, односно постигнато е сите права на лицата со друго државјанство да биде иста како и на работниците во матичната земја.

Една од целите на двата синдикати е да се приклучат и другите синдикати од овие дејности од екс – ју просторот, со цел координирање на заедничките интереси. Предност се долгогодишните врски, компатибилноста на стопанствата и сличноста на проблемите.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc