ВО РИМ СРЕДБА МЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ И ИТАЛИЈАНСКИОТ СИНДИКАТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
17.04.2012
Билатералниот договор предвидува обука и едукација на членовите и вработените во енергетскиот сектор, размена на работници помеѓу двете земји, социјално и културно унапредување, образование и едукација во областа на обновливи извори на енергија, како и взаемна соработка со федерациите во кои членуваат двата синдикати, односно Сојузот на синдикатите на Македонија и CISL.
На средбата во Рим се остварија значајни средби со директорот на Интернационалната Работничка Организација ILO за Италија и Сан Марино Луиџи Кал, со Универзитетот на Италија Андреја Чампани, со Кристина Кофачи, претставник на една од нај големите европски енергетски компании ENEL, како и со секретарот на конфедерацијата на CISL Џани Барата.
Билатералниот договор на двата синдикати е поддржан од страна на италијанската федерација на синдикати CISL.
На почетокот на месец март 2012 година делегација на FLAEI беше во официјална посета на ССЕСМ. Во рамките на посетата гостите од Италија на 7 март ги прими претседателот на ССМ Живко Митревски, при што беа разменети срдечни пораки на пријателство. Митревски ги запозна италијанските колеги со актуелните социоекономски состојби во Македонија и со агендата на ССМ. Италијанските синдикалци ја истакнаа својата полна поддршка за европската перспектива на Македонија и изразија надеж дека соработката на синдикатите позитивно ќе влијае врз односите меѓу двете земји.