КАМПАЊА НА СГИП И BWI ЗА КОРИДОРОТ 10

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
29.03.2012

 

КАМПАЊА НА СГИП И BWI ЗА КОРИДОРОТ 10
Денешната средба на експертите на BWI со претседателот на СГИП Павел Трендафилов

 

Залагањето на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП околу ангажманите на Коридорот 10 продолжуваат со поддршка на Меѓународниот синдикат за градежништво и шумарство BWI (Building and Wood Worker`s International).

Во текот на денешниот ден Фиона Мурие, секретар за односи со меѓународните финансиски институции и директор за безбедност и здравје на BWI и Јасмин Реџеповиќ, асистент за едукација на BWI, со претседателот и секретарот на СГИП, Павел Трендафилов и Благуна Стојковска, денес остваруваат посети на неколку институции, со цел регулирање на ангажманите околу Коридорот 10. Ќе се разговара со Агенцијата за државни патишта, Министерството за транспорт и врски и Европската банка за обнова и развој, главен инвеститор на проектот.

Основното барање на СГИП е ангажманот да го добијат домашни претпријатија. Оттаму барањата на СГИП се:

  • услов за избор на главен изведувач на тендерот да биде компанија која ќе изведува најмалку 70 отсто од вкупната вредност на објектот;
  • компанијата да вработува работници на неопределено време или на определено време, но не помало од времето на завршувањето на градбата;
  • главниот изведувач да има колективен договор со кој ќе ги регулира платите и другите права од работен однос;
  • да гарантира безбедни услови за работа;
  • да гарантира подизведувачи кои ќе ги гарантираат правата на работниците во висина најмалку како главниот изведувач; почитување на колективните договори и на одредбите на Конвенцијата 94 на МОТ.

Повеќе години наназад траат активностите на СГИП за имплементација на Конвенцијата 94 на МОТ во македонското законодавство. СГИП заедно со BWI, каде е полноправен член, минатите години организира две меѓународни конференции во Скопје. Конвенцијата 94 е ратификувана од Собранието на РМ во јули 2010 година. На ред е потешкиот дел, вистинско внесување на одредбите на конвенцијата во македонските закони.

Конвенцијата значи усвојување на социјални стандарди во јавните набавки, односно право на учество на тендер можат да имаат само регуларните, вистински претпријатија. Конкретно во градежништвото на јавните тендери би можеле да учествуваат компаниите со соодветна техника и со пријавени работници, на кои им се плаќаат сите придонеси, како и со склучени колективни договори. Тоа би значело елиминација на работењето на црно, на ангажирањето на претприја од типот човек – фирма, кои после како подизведувачи ги ангажираат реалните претпријатија. Целта е да не се повтори случајот со обиколницата околу Скопје, која ја добија странски компании, а 100 отсто од работата ја извршија домашните компании како подизведувачи.

Вредноста на “Демир Капија – Смоквице“, пат во должина од 28,5 километри, изнесува 250 милиони евра, во вид на кредит од ЕБРД и Европската инвестициона банка. СГИП смета дека тие пари, кои ќе ги враќаат граѓаните, треба да бидат основа за ангажман на македонската градежна оператива.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc