СИНДИКАТИТЕ ИМААТ БИТНА УЛОГА ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.03.2012

Денешниот собир – една цел е зајакнување на синдикатите на меѓународно ниво
Денешниот собир – една цел е зајакнување на синдикатите на меѓународно ниво

Пристапните преговори на Република Македонија за влез во Европската Унија се предизвик и за синдикатите. Ваша одговорност е колку социјалната Европа ќе навлезе во овие области, конкретно за земјоделството, прехранбената индустрија, туризмот и другите дејности. Пред нас е предизвикот на дефинирање на улогата на синдикатите во справувањето со последиците од економската криза врз работните луѓе.

Ова денес го порача генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите од земјоделството, тутунската и прехранбената индустрија и туризмот – EFFAT Харалд Виденхофер на денешната средба со Советот на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО Синдикат) и со Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиство и заштитните друштва (СУТКОЗ). На собирот беа присутни Мато Лалиќ (Хрватска) и Јаким Милуновиќ (Србија) од ICM – IUF, додека темите на дискусија беа “Европското социјално партнерство и социјалниот дијалог“ и Перспективите на работниците и синдикатите“.

Прехранбената индустрија ќе биде погодена од влезот во Унијата и затоа навреме треба да се имаат однапред подготвени опции. Постојат средства и фондови за земјоделството, но потребно е да се создадат проекти за користење на тие средства. Пример се Полска и Бугарија, кои добија средства, но тие пропаднаа затоа што таму не постоеше административна моќ за употреба на тие пари, изјави Виденхофер.

Во Европа како проблем се јавува намалувањето на моќта на синдикатите. Оттаму наша цел е зајакнување на самите синдикати и зголемување на соработката на меѓунационално ниво. Еден позитивен пример е интегрирањето на земјоделските синдикати на Германија, Австрија и Турција. Синдикатите се единствена алатка за парирање на владите и работодавачите, кои во многу случаи не се многу заинтересирани за социјалните компоненти. Понекогаш отворено кажуваат дека имаат побитни работи и дека за уредување на социјалните прашања најповикани се синдикатите.

Европската Унија не е заедница само на економски интереси, туку заедница на мир, рече Виденхофер. Оттаму наша прва цел е благосостојба на сите жители и намалување на последиците од економската криза. Целта е да се намалат вработувањата на определено време, на сезонските вработувања, односно на сите нестандардни вработувања. Во некои европски земји се донесени солидни мерки за вработување – во случај на шест месеци чекање на луѓето им се нуди ново вработување, одење на пракса или на обука.

Од страна на некои конзервативни кругови се покажува резервираност кон земјите од Југоисточна Европа, затоа што се смета дека регионот е под влијание на исламот, но ние сметаме дека тоа не е пречка за влез на овие земји во ЕУ. Имено, исламот одамна е дел од Европа, а членството во Унијата е токму најдобриот начин за намалување на тензиите на земјите во овој регион, порача Харалд Виденхофер.

Во Унијата постојат фондови за зајкнување на социјалниот дијалог и синдикатите треба да ги искористат тие средства. Ние, синдикатите, мораме да имаме на ум дека запоставувањето на социјалниот дијалог е против духот на ЕУ.

Претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски информираше за напорите околу регулирањето на сезонските работници, кои извршуваат 90 отсто од вкупните работи во земјоделството и 80 отсто во тутунската индустрија. Во изминативе две години имаме некои постигнувања, додека наша крајна цел е статусот на сезонските работници да биде регулиран со Законот за работни односи и Колективниот договор, и тоа на гранско ниво и на ниво на работодавач. За таа цел инсистираме на поширока соработка со Министерството за земјоделство, Фондот за ПИО, Владата и други фактори, изјави Даневски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc