ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ НА РУДАРИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
25.03.2012
Долгодишната иницијатива на синдикатите прифатена  - денес објавено решението за стажот на рударите
Долгодишната иницијатива на синдикатите прифатена - денес објавено решението за стажот на рударите

 

Стажот на рударите од 12 месеци ќе се смета за стаж од 16, 17 или 18 месеци – гласи новото конечно решение на Владата за деценискиот проблем на бенефицираниот стаж на рударите. Информацијата ја соопшти министерот на труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната прес конференција, на која присуствуваа претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на синдикатот СИЕР Пеце Ристевски и претседателот на СОНК Дојчин Цветановски.

Практично со новото решение рударите добиваат можност за предвремено пензионирање. Со оглед на тешката работа под земја во сегашната регулатива е наведено доколку еден рудар работи три години на исто работно место, може да добие уште една година  бенифициран стаж.

Синдикалците изразија задоволство од новата мерка на МТСП. Претседателот на ССМ Живко Митревски изјави дека ова формула за пресметка на стажот значи задоволување на голем број проблеми со кои се среќаваше оваа категорија работници кои се најмногу изложени на ризик. Решението покажува дека и во услови на светска економска криза може да се решаваат проблемите на работниците. Ваквиот пристап во социјалниот дијалог ќе го користиме и во иднина и се надеваме дека секогаш кога ќе предложиме конструктивен предлог од МТСП и од Владата ќе добиеме вакви позитивни одговори, истакма Живко Митревски.

Претседателот на Синдикатот на работниците од индустријата, енергетиката и рударството Пеце Ристовски рече дека ова е практично решение за еден проблем во реалниот живот. Покажавме дека сме конструктивни партнери кои бараат решение за проблемите од реалниот живот. Се надевам дека од Владата и во иднина ќе добиваме ист позитивен договор за животните проблеми на работниците, нагласи Ристовски.

Ристовски нагласи дека досега лицата кои што работеле на вакви работи места две години и 11 месеци не можеле да ја користат бенифицијата и затоа со новата измена стажот нема да се условува со календарските години.

- Наместо досегашното решение за намалување на возраста за пензионирање, Владата одлучи ова намалување да се врши поповолно за работниците, оносно бенифицираниот стаж кај рударите нема да се условува со цели календарски години за да се намали возраста за пензија за една година. Практично ако работник во подземен ископ работел 35 години на бенифициран стаж каде 12 месеци се сметаат како 18 месеци стаж за осигурување, тој ќе оствари право на старосна пензија на 52 години и четири месеци, наместо претходнито решение кога правото на пензија би го остварил со 53 години живот, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Овој проблем настанувал поради тоа што рударите често биле прераспределувани од работно место за кое за 12 години стаж се добива 18 месеци бенифициран стаж, на работно место со 17 или 16 месеци бенифициран стаж. Ристовски додаде дека со нивното пензионирање дополнително ќе се отворат нови работи места каде што ќе можат да се вработат други лица.

Дојчин Цветановски од Конфедерација на слободни синдикати го поздрави решението на Владата и истакна верување дека и во иднина ќе има вакви решенија, кои што водат кон подобрување на социјалниот статус на работниците.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат со дејствување во насока на заштитата на тудот и зголемувањето на социјалната сигурност на работниците.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc