УСВОЕНИ ЧЕТИРИ МЕЃУНАРОДНИ КОНВЕНЦИИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

21.03.2012
Собранието на Република Македонија на 26. седница, на 19 март 2012 година, усвои четири меѓународни конвенции на Меѓународната организација на трудот. Усвоени се четири Предлог на закони за ратификација на Конвенцијата за вршење работа дома, на Конвенцијата за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа, на Конвенцијата за заштита на мајчинството и на Конвенцијата за приватни агенции за вработување.

Сојузот на синдикатите на Македонија во повеќе случаи се јавува како иницијатор на усвојувањето на конвенциите на МОТ, посебно оние конвенциите значајни за трудовите и социјалните односи,  и на нивна имплементација во законодавството, за што постојано ги поставува овие прашања на дневен ред на Економско – социјалниот совет.

Од месец април 2010 година до денес во Република Македонија се ратификувани вкупно пет конвенции на МОТ. Покрај наведените во месец јуни 2010 година е ратификувана Конвенцијата број 94, која ги регулира социјалните клаузули во јавните набавки.

Конвенцијата за вршење работа дома е усвоена во Женева на 20 јуни 1996 година, Конвенцијата за  промотивна рамка за безбедност и здравје при работа е усвоена во Женева на 15 јуни 2006 година. Конвенцијата за мајчинство е усвоена во Женева на 15 јуни 2000 година и Конвенцијата за приватни агенции за вработување е усвоена во Женева на 19 јуни 1997 година.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc