СЕМИНАР ЗА ПРИМЕНАТА НА ТРУДОВИТЕ ЗАКОНИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
20.03.2012
Собирот го отвори претседателот Живко Митревски
Собирот го отвори претседателот Живко Митревски
На 19 и 20 март во Скопје се одржа семинар на теми прашања и проблеми поврзани со примената на Законот за работни односи и судската пракса. Семинарот се одржа со помош на Фондацијата “Фридрих Еберт“, додека учесници беа секретарите и координаторите на регионалните единици и правните застапници на ССМ.

 

Судијата Ѓорѓи Христовски од Основниот суд – Битола предаваше на темата “Примена на Законот за работни односи - договор за вработување, анекс и распоредување“, додека судијата Петкана Јадровска од Апелациониот суд во Битола зборуваше на темите “Отказ од работен однос по вина и од лични причини на работникот“ и “Отказ од работен однос од деловни причини“.

На семинарот синдикалците се советуваа околу примената и на други прописи и измени во трудовото право, како усогласувањето на општите колективни договори со Законот за работни односи и Законот за минимална плата, Законот за јавни службеници и Законот за државни службеници и за други прашања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc