СПОГОДБА ЗА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИОТ И СРПСКИОТ СИНДИКАТ ЗА ХЕМИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

15.03.2012
СПОГОДБА ЗА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИОТ И СРПСКИОТ СИНДИКАТ ЗА ХЕМИЈА
Претседателството на Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија на денешната седница донесе одлука за потпишување на спогодба на соработка со Самостојниот синдикат на хемија и неметали на Србија. Договорено е потпишувањето на спогодбата да се одржи од 11 до 13 април во Пролом Бања, Србија.

Најзначајна новост е што со спогодбата двата синдикати ќе ги регулираат правата на македонските државјани кои работат во Србија и обратно, на српските државјани во Македонија. Меѓу другото треба да се регулираат правата на годишен одмор, пензија, односно треба да се постигне позицијата сите права на лицата со друго државјанство да биде иста како и на работниците во матичната земја.

Една од целите на двата синдикати е да се приклучат и другите синдикати од овие дејности од екс – ју просторот, со цел координирање на заедничките интереси. Предност се долгогодишните врски, компатибилноста на стопанствата и сличноста на проблемите.

СХНМ е поканет да учествува на Спортските игри на ССХНС, што ќе се одржат во средината на јуни во градот Кладово.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc