ПРЕТСТАВЕНА ПЛАТФОРМАТА НА ССМ ЗА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
14.03.2012
Секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски, претседателот Живко Митревски и раководителот Лилјана Јанкуловска на денешниот прес
Секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски, претседателот Живко Митревски и раководителот Лилјана Јанкуловска на денешниот прес

Денес на прес конференција во ССМ е претставено изданието на “ITUC CSI IGB“ “Пензиски реформи во земјите од Западен Балкан од европска перспектива“. Претседателот на ССМ Живко Митревски исто така информираше за платформата на ССМ за пензискиот систем во Република Македонија.

Публикацијата е плод на проектот што изминатите две ипол години се водеше со помош на норвешките синдикати и на Паневропскиот комитет на Европската конфедерација на синдикатите. Целта е да се даде анализа за пензиските системи во повеќе земји од регионот, поточно во Хрватска, Црна Гора, Србија, македонија и Босна и Херцеговина, да се согледаат проблемите и да се дадат решенија, објасни Митревски.

Економската криза предизвика промени и во пензиското и инвалидското осигурување, и тоа во делот на намалената економска активност, сивата економија, намалените уплати во фондот, намалена вработеност, а покрај економските промени генерален процес е стареењето на населението.

Видувањата на Светската банка не се во согласност со платформата на ССМ за пензискиот систем, но ние сметаме дека решенијата по секоја цена треба да одговараат на овдешната фактичка состојба. Во повеќе земји се зголемува старосната граница за пензионирање. Голем чекор за Македонија е што нема зголемување на старосната граница и за тоа го поздравуваме ставот на Владата.

Митревски објасни дека задача на ССМ е поголемо учество на синдикатот во креирањето на системот, учество во управните тела, идентификување на проблемите, поголем надзор на евиденцијата, наоѓање соодветни решенија. Нашите идеи за модернизација на пензискиот систем ги покренавме минатата година и настојуваме да се прифатат. Тоа се иницијативи за предвремена пензија, за нови услови за одредени дејности, односно за тешките работни места, како и за жртвите на приватизацијата и транзицијата, за што се разговара на Економско – социјалниот совет, информираше Митревски.

Ќе настојуваме синдикатот да се вклопи во информирањето за пензиските права и за измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Претседателот Митревски ги информираше медиумите за проектот “Ден за вас“ на Министерството за труд и социјална политика и Фондот за пензиско осигурување, чија цел е запознавање на граѓаните со остварувањето на правата на пензиско и инвалидско осигурување. Во тој правец испраќаме апел до оние граѓани кои имаат проблеми да се вклучат во расправите.

Планот на средбите е: на 21 март во филијалата на ФПИОМ во Скопје, на 24 април во Струмица (вклучени Гевгелија и Валандово), на 21 мај во Охрид (вклучени Струга, Дебар и Кичево), на 11 јуни во Велес (вклучени Неготино и Кавадарци), на 15 септември во Штип (вклучени Кочани, Радовиш, Свети Николе, Делчево и Берово), на 6 ноември во Тетово (вклучен Гостивар) и на 5 декември во Битола (вклучени Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод).

Во продолжение на седницата Митревски објасни дека приемот на новата членка на ССМ, Синдикатот на одбраната и безбедноста, е во рамките на основните идеи на ова раководство на ССМ. Настојуваме да го интензивираме мобилизирањето на целокупното синдиукално движење во Македонија. Ако капиталот се глобализира, тогаш и трудот исто така треба да се омасови, да се здружи, со цел да влијае врз трудовите прописи и сите промени за работните луѓе.

Митревски најави новини околу поскапувањата - ССМ на почетокот на наредниот месец ќе понуди нов пакет мерки. Тоа се повеќе предлози, но дел од нив се намалување на акцизата, намалување на ДДВ за претпријатијата од превозот и заштита на лицата кои имаат плата помала од минималната.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc