ПАРТНЕРСКА СРЕДБА НА ПРОЕКТОТ ECBOHS ВО ИСТАНБУЛ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
13.03.2012
Од Конференцијата на Проектот ECBOHS во ССМ (фото архива)
Од Конференцијата на Проектот ECBOHS во ССМ (фото архива)
На 8 и 9 март во Истанбул се одржа партнерска средба на проектот ECBOHS – Европски мостови за соработка за безбедност и здравје. Целта на средбата е евалуација на активностите на партнерите во 2011 година и планирање на наредните активности.

ССМ го претставуваа д-р Тодор Каламатиев, секретарот на Советот на ССМ Анѓелко Анѓелковски и членот на Проектиниот тим Биљана Стојковска.

Во проектот учествуваат синдикати од регионот - Конфедерацијата на слободни синдикати од Босна и Херцеговина, здружението “Геа“ од Бања Лука, Федерацијата на работодавачи од Црна Гора, Конфедерацијата на синдикати од Албанија, “Независност“ од Србија, Конфедерацијата на независни синдикати на Косово, како и претставници на лидерот на проектот, Турскиот синдикат на металските работници МЕСС.

На средбата присуствуваа експертите од ЕУ Антеро Вахапаси, Хеики Лаитинен и Ерки Ирјанеики од Финска и Џеф Бриџфорд од Велика Британија. Во рамките на средбата четворицата експерти ги презентираа нивните видувања за состојбите за безбедноста и здравјето во земјите учеснички. Беа одржани три семинари: “Улогата на претставниците на работниците за БЗР во имплементацијата на БЗР“, “Улогата на синдикатот во заштитата на работничките права и БЗР“, “Работата на прекршочната комисија, порамнување и посредување и прекршоците како пенален начин на спроведување на законот“ и трекалезната маса “Улогата на извршната власт во обезбедување поддршка за БЗР“.

Во рамките на проектот, покрај другите средби во регионот, во ССМ во месец октомври се одржа конференцијата “Безбедност и здравје при работа – основно трудово право“ и во месец ноември работилницата “Влијанието на работните услови врз физичкото и психичкото здравје на вработените“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc