ПОСЕТА НА ССМ ОД ИТАЛИЈАНСКИОТ СИНДИКАТ FLAEI – CISL

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
7.03.2012
Претставниците на синдикатите на денешната средба
Претставниците на синдикатите на денешната средба

Рака на пријателство, поддршка на македонските работници, придонес во зачленувањето на Република Македонија во Европската Унија – се срдечните пораки од Карло Де Мези, претседател на италијанскиот синдикат за енергетика FLAEI – CISL до Сојузот на синдикатите на Македонија.

Средбата се одржа денес, во рамките на неколкудневна работна посета на италијанскиот синдикат на Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ). Претседателите на двата синдикати од енергетиката, Карло Де Мези и Роберт Симоноски, потпишаа меморандум за соработка и утврдија серија иницијативи за конкретни полиња на соработка.

Претседателот на ССМ Живко Митревски ги запозна гостите со профилот и организираноста на ССМ, при што нагласи дека синдикатите полесно се разбираат од политичарите. Меѓутоа, како што Република Македонија е земја со статус кандидат за ЕУ, така и ССМ има приближно ист статус во Европската конфередација на синдикатите, како придужна членка. Од клучен интерес за оваа земја е полноправното членство во Унијата и затоа ние ги сметаме за пријатели сите организиции кои ни даваат поддршка.

Многу ни е драго да примиме подадена рака на пријателство од еден измачен народ со толку тешка историја, изјави претседателот Карло Де Мези. Ние веруваме дека заедништвото меѓу нациите води кон политичка соработка и сметаме дека континентот има потреба од зближување на нациите. Се надеваме дека соработката меѓу синдикатите ќе влијае врз политичките односи меѓу Македонија и Италија.

FLAEI – CISL е најевропски ориентиран синдикат и оттаму сметаме дека македонските работници заслужуваат да бидат дел од европското семејство на народите. Само со рамнотежа на сите членки ќе остваруваме подобра иднина за сите, нагласи Марио Арка од италијанскиот синдикат.

Како што капиталот остварува глобализација, така на нас останува да го глобализираме трудот, заклучи Живко Митревски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc