СГИП УЧЕСТВУВА НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
6.03.2012
Стручната служба на СГИП на саемот
Стручната служба на СГИП на саемот

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП, за првпат со свој штанд учествува на Саемот за градежништво, кој се одржува на “Скопски саем“ од 6 до 10 март 2012 година.

На овој начин СГИП настојува преку непосредна комуникација посетителите и компаниите присутни на саемот да се запознаат со вкупните активности на СГИП. И на овој начин сакаме да ја промовираме важноста на социјалниот дијалог и на соработката  меѓу социјалните партнери, изјави претседателот на СГИП Павел Трендафилов.

Подготвени се промотивни видео и печатени материјали за активностите и проектите на синдикатот, безбедноста и здравјето при работа, кампањата за имплементација на меѓународните стандарди во градежништвото и други прашања.

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc