29 ФЕВРУАРИ ЕВРОПСКИ ДЕН НА АКЦИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Денес Европската конфедерација на синдикати (ETUC) одржува Европски ден на акција. Цел на акцијата е испраќање порака до политичките водства на европските земји да посветат внимание на влошената економска состојба на милиони Европејци.

Македонските синдикати ја поддржуваат акцијата на ETUC и објавија свој проглас.

Во Брисел се одржуваат две акции. Европската конфедерација на синдикати, со претставници од повеќе национални синдикати од европските земји,  денес  ќе одржи собир пред седиштето на Советот на ЕУ, каде на 1 и 2 март ќе се одржи Европскиот самит. Белгиските синдикати FGTV-ABVV, CSC-ACV и CGSLB-ACVLB ќе одржат собир пред Белгиската централна банка. Националната акција на белгиските синдикати се смета за европска, затоа што нејзината цел е барањата од синдикатите до Бегиската банка  да се пренесат до Европската централна банка.

Според програмата денес на пладне ќе се одржи собир пред седиштето на Советот на ЕУ, додека во попладневните часови се закажани средби на синдикалните лидери со претседателот на Европскиот совет, со претседателот на Европскиот парламент и со претседателите на политичките групи на Европскиот парламент.

Во пораката на синдикатите се вели:

Ефектите од економската и социјалната криза достигнаа неподносливи размери за милиони Европејци. Мерките за штедење ја прават ситуацијата полоша и предизвикуваат огромна социјална штета.

Најновите европски статистики покажуваат дека стапката на невработеност достигна рекордно ниво, особено меѓу младите луѓе. Во многу земји речиси еден од двајца млади е невработен. На 115 милиони луѓе, или 23,5 отсто од населението, им се заканува сиромаштија и социјална исклученост.

Нееднаквоста се зголемува. Стравот од утрешницата е сеприсутен, што доведува до националистички рефлекс и подем на екстремната десница.

Соочени со влошената економска и социјална положба, за нашите лидери единствениот одговор е штедењето.

На 30 јануари Европскиот самит стави печат на нов меѓународен договор кој ја дефинира буџетската дисциплина.

На единствената валута и е потребно економско управување, но европскиот синдикат се спротивставува на овој договор, затоа што тој не се занимава со проблемите на вработувањето, се поголемата несигурност на работните места и ризикот од долгорочна рецесија.

Ние ги одбиваме:

  • притисокот за намалување на платите;
  • рушењето на социјалната заштита;
  • обидите да се направи пазарот на трудот уште пофлексибилен;
  • приватизацијата на јавните услуги;
  • намалувањето на пензиите;
  • социјалното исклучување; уништување на колективното договарање и социјалниот дијалог;
  • неправедна распределба на напорите: работниците ја плаќаат високата цена на кризата која тие не ја предизвикаа, а светот на финансиите и шпекулантите останува неповреден.
  • Европскиот синдикат повикува на Европски план за реконструкција, кој дава приоритет на инвестициите за одржлив економски раст, квалитетни работни места и социјална правда, како и борба против нееднаквоста.

Ние предлагаме:

  • закрепнување на Европа и инвестициски план за квалитетни работни места;
  • динамична европска индустриска политика насочена кон намалена емисија на СО2, зелена економија и сектори на иднината што ќе донесат нови работни места и раст;
  • реставрација на буџетскиот баланс во текот на подолг рок;
  • гаранција за квалитет на работните места за младите луѓе;
  • обединување на долгот преку еврообврзници;
  • данок на финансиски трансакции кој ќе ги поддржи инвестиционите политики;
  • интензивирање на борбата против социјалниот дампинг и намалувањето на платите;
  • хармонизација на даночната основа со минимум даночна стапка за компаниите;
  • почитување и гаранција на основните социјални права;
  • борба против даночни измами и затајување.

Како знак на поддршка за Денот на акцијата синдикатите од Република Македонија го објавуваат следниот проглас, со порака до надлежните органи на Република Македонија.


 

П Р О Г Л А С

на  синдикатите од Македонија на Европскиот ден

на акција 29 февруари 2012 година

Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, по повод  Европскиот ден на акција 29 февруари 2012 година, организиран од страна на Европската Конфедерација на синдикати, до надлежните органи во државата го испраќаат следниот

П Р О Г Л А С

  1. 1. Ние, синдикатите, преставници на работниците бараме што побрзо Република Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија,
  2. 2. Европскиот план за реконструкција, кој дава приоритет на инвестициите за одржлив економски раст, квалитетни работни места и социјална правда, како и борба против нееднаквоста, синдикатите бараат што побрзо и систематски да отпочне да се спроведува, бидејќи истиот ќе има и позитивно влијание и врз нашата земја и нашите работници,
  3. 3. Социјалниот дијалог да се интензивира на планот на ублажувањето на последиците од економската криза, посебно во делот на зачувувањето на работните места, редовната исплата на платите на работниците и нивно ненамалување, зголемување на помоштите на социјално загрозените лица, учество на синдикатите со свои предлози при зголемувањето на цената на грејната енергија,
  4. 4. Да зајакне социјалниот дијалог и колективното договарање на сите нивоа, со посебен акцент на колективното договарање на ниво на работодавач,
  5. 5. Се повеќе да се отвораат работни места и да се вработуваат млади, стручни и квалификувани работници,
  6. 6. Зголемување на активностите на надлежните органи во борбата против даночните измами и затајувања, корупцијата и перењето пари.

КСС                                              ССМ                                         УНАСМ

Претседател                                    Претседател                              Претседател

Раско Мишкоски                        Живко Митревски              Слободан Антовски

 


 

Денот на акцијата го подржуваат повеќе синдикати во европските земји, кои организираат свои протести, како јавни собири, средби со министри и парламентарци, дистрибуција на информативен материјал и друго. Тоа се OGB од Австрија,  FGTB, CSC и CGSLB  од Белгија, SEK од Кипар, CGT, CFDT и  UNSA од Франција, DGB од Германија, ICTU од Ирска, CGIL, CISL и UIL од Италија, FNV и CNV од Холандија, CC OO, UGT, USO и ELA од Шпанија,       OPZZ – Солидарност од Полска,  CGTP - IN и UGTP од Португалија, Cartel Alfa и BNS од Австрија, TUC од Велика Британија,   LO од Шведска, SGB/USS од Швајцарија и HAK и IS од Турција.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc