Локални економско - социјални совети

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО КУМАНОВО

Панорама на Куманово
Панорама на Куманово

Основачката спогодба на Локалниот економско – социјален совет во Куманово е потпишана на 9 декември 2010 година.

Тројца членови на ЕСС – Куманово од локалната самоуправа се градоначалникот Зоран Дамјановски, Оливер Споасовски, кој е претседавач, и Виктор Цветковски, претседател на Советот на општината.

Од страна на синдикатите членови се Слободан Богдановски од претпријатието “ФЗЦ“, Трајче Трајковски од ЈП “Паркинг“ и Виктор Божиновски, директор на ЈП “Водовод“.

Од страна на синдикатите членови се Миле Спасовски, секретар на Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Куманово, Гордица Бошковска, правен застапник во РСП на ССМ во Куманово и Ацо Спасовски од Конфедерацијата на слободни синдикати.

Според Деловникот по потреба се повикуваат претставници на невладини здруженија и организации, зависно од темата на расправа.

Економско – социјалниот совет во Куманово, со помош на УСАИД го издаде прирачникот “Водич за локален социјален дијалог“.

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО КАВАДАРЦИ

Центарот на Кадаварци
Центарот на Кадаварци

Локалниот Економско – социјален совет на општина Кавадарци е основан на 18 јануари 2010 година.

Локалниот ЕСС има девет члена, од кои три се од локалната самоуправа, три од работодавачите и три од синдикатите. Од страна на синдикатите со по еден член партиципираат ССМ, КСС и УНАСМ.

По потреба се свикуваат двајца надворешни експерти.

 

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО СТРУМИЦА

Потпишувањето на Спогодбата, 22 декември 2011 година
Потпишувањето на Спогодбата, 22 декември 2011 година

На 22 декември 2011 година во Домот на АРМ во Струмица е одржано Конститутивно собрание на Локалниот економско – социјален совет на Струмица.

За претседавач е избран Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој на општина Струмица, додека за координатор Васил Глигоров, правен застапник на ССМ за Струмица.

На конститутивното собрание е потпишана Спогодба за основање Локален економско – социјален совет на општината.

Потписници на Спогодбата се градоначалникот на Струмица Зоран Заев, претставникот на Оргфанизацијата на работодавачи на Македонија Димитар Поповски и претседателот на ССМ Живко Митревски.

Локалниот ЕСС брои девет члена, и тоа тројца од општина Струмица, тројца од ОРМ и тројца од ССМ.

Надворешни учесници се претставници на Агенцијата за вработување при Центарот за вработување – Струмица, Синдикатот на земјоделските производители на Струмица, Регионалната занаетчиска комора, претставници на средните училишта и нбевладинатра организација Совет на млади.

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО БИТОЛА

Потпишувањето на СпогодбатаПотпишувањето на Спогодбата

На 30 мај 2013 година е формиран Локален Економско – социјален совет на Битола. Спогодбата ја потпишаа градоначалниот на Битола Владимир Талески, директорот на УСАИД Роберт Вурт, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на КСС Мирјана Андреска и Димитар Стојановски од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека значењето на овој чин, кој е потврда на стратегијата на ССМ за потребата од институционализирање на социјалниот дијалог, е особено значаен за локалните заедници, а со оглед на поволностите во делот на креирањето на социјалните и економски политики, анализа за потребите на трудот, јакнење на социјалниот дијалог во локалната самоуправа, анализа за потребите од формално и неформално образование и усогласување на потребите на трудот и локалната заедница.

Посебна карактеритика на локалниот економско-социјален совет е проширениот состав и со претставници од невладините организации, а посебно младинските организации, занаетчиски комори, претставници на стопанственици и  стопанската комора, претставници на високото образование и универзитетот и други субјекти.

Локалниот Економско-социјален треба да биде одговор на предизвиците наметнати од кризата и да биде фокусиран особено на креирање на нови работни места за младите.

-Ова е голем чекор, покажува дека приватниот, јавниот сектор и синдикатите делуваат заеднички за решавање на проблемите, изјави Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД.

Широк сокак во БитолаСоветот ќе служи како советодавно тело на општината за прашања како што се вработувањето на младите и врската помеѓу потребите на пазарот на трудот како што ги дефинираат работодавачите и вештините кои што младите во Македонија ги имаат развиено во текот на нивното формално образование.

-Денеска ја потпишавме согласноста и сега следува една фаза каде што сите важни сегменти кои што треба да помогнат за решавање на најгорливиот проблем во Република Македонија, па и во Битола, а тоа е невработеноста се согласивме вистински максимално да ги погледнеме сите потенцијали, сите капацитети, сите ресурси да ги ставиме во функција. Ќе направиме стручни анализи кои што ќе покажат каков потенцијал имаме и како може тоа да го решаваме. Крајната цел е вработување на што поголем број млади луѓе, изјави градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески.

-Според моќноста на работодавачите кои се членови на здружението, најмногу дефицитарни се електричари, бравари, заварувачи, се она што е работа во преработувачка индустрија, изјави Димитар Стојановски, Организација на работодавачи на Македонија.

За синдикатите, формирањето на локален економско-социјален совет во Битола е историски чин, а ова тело ќе помогне за подобрување на социјалниот дијалог.

-Не само што ова е прв совет во нашата кампања за формирање на вакви совети низ локалните самоуправи, туку пред се заради тоа што за разлика од другите совети овој совет во Битола ќе биде и со значителни проширени субјекти, изјави д-р Живко Митревски, претседател на Сојуз на Синдикати на Македонија.

-Битола се вбројува во општините кои што ја препознаа потребата од локално социјален економски совет, каде што пред се зборуваме за меѓусебни партнерски односи помеѓу синдикатите и организацијата на работодавачите во општината, а од овој совет очекуваме резултати кои што ќе вродат плод во однос на начини, стратегии и акциони планови во однос на вработеноста, изјави Мирјана Андреска, претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

Освен претставниците на општината, членовите на ЛЕСС ќе вклучат претставници на работодавачите, работниците, агенциите за вработување, образовниот сектор, како и граѓанското општество.

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО ШТИП

Lokalen ESS STIP

Во Штип на 5 февруари 2013 година, е одржана конститутивна седница на Локалниот Економско – социјален совет. Претходно, на 26 декември 2012 година, е потпишана Спогодба за основање локален ЕСС.

Примарна цел на советот е воспоставување врски меѓу невработените млади и работодавачите, беше кажано на седницата. Инаку основачкото собрание на Локалниот ЕСС се одржа на 26 декември 2012 година.

Во Локалниот ЕСС партиципираат три страни: по тројца претставници од локалната самоуправа, од работодавачите и од синдикатите. Од страна на синдикатите двајца претставници се од Сојузот на синдикатите на Македонија и еден од Конфедерацијата на слободни синдикати. Исто така во Советот ќе партиципираат претставници на агенциите за вработување, образованието, невладини организации и други интересни групи.

На конститутивната седница претставниците на синдикатите изјавија дека преку советот ќе се создадат потребните врски меѓу инвеститорите и невработените. Работодавачите, пак, сметаат дека во моментов нема млад кадар кој ќе работи во производство и од таа причина треба долгорочно да се работи на поврзувањето на двете страни.

Во основањето на локални ЕСС активно патриципира невладината организација “УСАИД“, преку проектот “Мрежа за поттикнување на вработеноста кај младите во Република Македонија“.Според агендата е предвидено основање на локални ЕСС во десет општини.

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО ТЕТОВО

Lokalen ESS Tetovo tetovo-01

Локалниот Економско – социјален совет во Тетово е конституиран на 24 август 2012 година. Дента е потпишана Спогодба за основање и потоа се одржа Првата конститутивна седница на Локалниот ЕСС.

Потписници на Спогодбата се градоначалникот на Општина Тетово д-р Сади Беџети, претседателот на Организацијата на работодавачи на Република Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски.

Покрај учесниците на средбата присуствуваа амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД, сопственикот на “Ренова“ – Тетово Шефки Идризи, претставници на УСАИД и на други организации и институции.

Локалниот Економско – социјален совет има консултативно – советодавна функција, разгледува различни прашања од економскиот и социјалниот живот, дава свои мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и до другите органи. Посебно значење му се придава на прашањето на вработувањето на младите и зајакнувањето на врските меѓу пазарот на трудот и соодветното образование на младите.

 

ЛОКАЛЕН ЛЕСС ВО РЕСЕН

LESS Resen foto 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски и градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски на 1 септември 2013 година постигнаа договор за основање локален економско – социјален совет (ЛЕСС) на Општина Ресен.

На состанокот беше каѓано дека преку ЛЕСС се воспоставува демократски и социјален дијалог кој придонесува за надминување на предизвиците и водење економско-социјалната политика во општината. Целите на ЛЕСС се унапредување на животниот стандард на граѓаните во општините преку подобрување на деловното опкружување во локалната заедница, развој на претприемништвото и на социјалната политика, носење стратегии и акциски планови за развој на пазарот на трудот, како и зголемување на можностите за вработување на младите и други области.

Социјалниот дијалог на локално ниво треба да ги вклучи сите видови преговарање, договарање и размена на информации меѓу претставниците на локалната власт и социјалните партнери, синдикатите и организациите на работодавачите за прашања од заеднички интерес.

Преку реализација на ваквиот договор и потпишувањето ан Спогодбата, која очекуваме наскоро да се случи, ќе реализираме низа значајни активности во Општина Ресен, пред се во делот на она што посебно за нас е значајно за синдикатите, за Владата и за локалната самоуправа, а тоа е поттикнување на вработувањето, истакна претседателот на ССМ д-р Живко Митревски.

Заедничкото дејствување на локалните власти и социјалните партнери може да разреши многу значајни и приоритетни локални предизвици кои индирекно влијаат и на состојбите на национално ниво, рече министерот Спасов.

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО ГОСТИВАР

LESS Gostivar foto 

На 30 септември 2013 година во Гостивар е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Истакнато е дека советот ќе биде посебно насочен кон поврзувањето на пазарот на трудот и младите невработени луѓе.

Спогодбата ја потпишаа Локалната самоуправа, ССМ, КСС и ОРМ. Од страна на локалната самоуправа Спогодбата за потпиша градоначалникот на Гостивар г. Невзад Бејта, а од страна на ССМ претседателот д-р Живко Митревски.

Во своите обраќања градоначалникот Бејта и претседателот Митревски, како и претставникот на УСАИД г. Мајкл Скивејтер, го потенцираа значењето на формирањето на ЛЕСС за локалната заедница и придобивките од спроведувањето на функциите на ЛЕСС. Се оцени дека придобивки ќе имаат граѓаните и работниците од општина Гостивар, а особено невработените млади луѓе, кои преку поврзувањето и потикнувањето на нивните вештини со тековните потреби на пазарот на трудот ќе можат побрзо да се вработат.

Во рамки на ЛЕСС социјалните партнери преку овој институционален механизам ќе ги поттикнат сите прашања од локален карактер: локалната економија, потребите на пазарот на трудот, развој на бизнис климата, усогласување на потребите на образованието итн.
Исто така беше истакнато дека формирањето на ЛЕСС дава перспектива за внесување на нови елементи во креирањето на социјалниот дијалог на локално ниво, слично како што беше направено и на национално ниво.

 

ЛОКАЛЕН ЕСС ВО ГАЗИ БАБА

LESS Gazi Baba foto 

На 1 ноември 2013 година во просториите на Општина Гази Баба е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на општината Тони Трајковски, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ Ангел Димитров и Зоран Антовски од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Потпишувањето на спогодбата е историски чин за општината Гази Баба, но и за сите општини и за субјектите во социјалниот дијалог во земјата. Социјалниот дијалог, што во Република Македонија интензивно се развива од 2010 година, е назаменлива алатка на социјалниот консензус, што пак е основно средство за вкупниот општествен развој на нашата држава – изјави при чинот на потпишувањето претседателот на ССМ д-р Живко Митревски. – Значајно е што социјалниот дијалог и формирањето локални економско – социјални совети (ЛЕСС) се случува во време на светска економска криза, при што Република Македонија е пример за развој и институционализација на социјалниот дијалог.

Претседателот Митревски истакна дека ССМ од Први мај оваа година поведе кампања за основање ЛЕСС. Гази Баба е прва скопска општина каде се формира ЛЕСС, кој е дополнителен стратешки елемент што ќе влијае врз секојдневниот живот, особено од аспект на програмите за преквалификација и доквалификација, зголемување на вработеноста, посебно кај младите луѓе.

Градоначалникот на општината Тони Трајковски рече дека од формирањето на ЛЕСС големи бенефити ќе имаат сите страни. Гази Баба е општина со најголем број стопански објекти и работните односи имаат посебно значење. ЛЕСС ќе биде сериозен инструмент за заедничка размена на информации меѓу локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите, како и место за разговор за решавање на проблемите. Посебно би истакнал дека во работата на локалниот совет ќе бидат вклучени Агенцијата за вработување, невладините организации, учениците, средношколците, пензионерите и други здруженија, објасни Трајковски.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, додаде дека социјалните партнери во Македонија се на добар пат во развивањето и институционализирањето на социјалниот дијалог. Изгледа дека сите ја сфативме суштината на социјалниот дијалог. ЛЕСС е добра алатка за решавање конфликти и за постигнување решенија.

Во делегацијата на ССМ, во која учествуваа секретарот на Советот на ССМ Анѓелко Анѓелковски и секретарот на РСП Скопје Јован Цветковски, беше и претседателот на Синдикатот на хемија, неметали и метали Зоран Мироновски, чие матично претпријатие "Алкалоид" се наоѓа на територијата на општината. Мироновски рече дека со оглед на тоа што најголемите претпријатија се наоѓаат на територијата на општината работењето на ЛЕСС ќе има посебно значење. Посебно би било добро решенијата да имаат обврзувачки карактер.

Претставникот на КСС Зоран Антовски изјави дека формирањето на ЛЕСС е вистински правец за соработка меѓу трите страни.

 

УЧЕСТВОТО НА “УСАИД“

usaid

Невладината организацијуа “УСАИД“ во рамките на своите ангажмани партиципира во основањето на локално – економско – социјани совети во Република Македонија.

Целта на проектот на УСАИД “Мрежа за поттикнување на вработеноста кај младите во Република Македонија“ е основање на мрежа на клубови. Постојат кариерни центри за обука во средните училишта и во центрите за вработување – локалните испостави на Агенцијата за вработување.

Локалните ЕСС се вклучени во третата компонента, наречена “Јавно - приватен дијалог“.  е проширување на образованието на младите, со опфаќање и на други делови од населението, вклучувајќи ги и работниците. Во овој правец е основањето на локални економксо – социјални совети, кои опфаќаат повеќе области. Идејата е локалните ЕСС да претставуваат форум за размена на мислења и покренување иницијативи, како и да продолжат да функционираат после завршувањето на проектот на УСАИД.

Во првата фаза на формирање се опфатени Тетово, Битола и Струмица, во втората Прилеп, Гостивар и Штип, додека според агендата е предвидено основање на локални ЕСС во десет општини.

ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ 

18.12.2013-foto14Претседателот д-р Живко Митревски рече дека овие советодавни тела се еден од моделите за полесно справување со последиците од светската економска криза

Денес во просториите на Советот на град Скопје е потпишана Спогодба за основање Локален економско – социјален совет на Град Скопје.

Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и В.Д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Виолетка Спасевска. На настанот учествуваше и Џејмс Стејн, директор на “УСАИД“, организација која преку својот проект “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа YES) активно и логистички го поддржува основањето на локални економско – социјални совети во Република Македонија.

18.12.2013-foto2Потпишувањето на спогодбата

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски рече дека ЛЕСС на Скопје има за крајна цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Сведоци сме дека во последните години се засилува јавно – приватното партнерство, односно соработката меѓу државните институции и локалната самоуправа со приватните стопански претпријатија. Овој вид соработка е еден од правците на кои ќе се заснова и работењето на ЛЕСС, чија посебна цел е наоѓање начини за полесно вработување на младите.

Во своето поздравно обраќање претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека, со оглед на последиците од светската економска криза, формирањето ЛЕСС на град Скопје е успех во остварувањето на заедничките цели на социјалните партнери, како и на организацијата “УСАИД“, која активно партиципира во основањето на ЛЕСС во Република Македонија. Потписниците имаат не само привилегија да учествуваат во работењето на советот, туку и сериозни обврски и одговорност да се исполнуваат зацртаните цели. Наша задача е на ова консултативно тело да му дадеме една институционална тежина и со тоа да влијаеме врз подобрувањето на условите за живот на граѓаните, а посебно на зголемување на вработеноста на младите луѓе.

ССМ на Први мај оваа година ја започна Кампањата за основање локални економско – социјални совети, која се спроведува со интензивно темпо. Со рамноправно учество на сите социјални партнери сакаме да основаме локални совети во сите градови во Република Македонија, објасни претседателот на ССМ.

18.12.2013-foto3Учесниците на средбата изразија уверување дека ЛЕСС ќе придонесе за соодветно учество на младите во пазарот на трудот

Директорот на “УСАИД“ Џејмс Стејн рече дека преку мрежата “YES“ се придонесува за активно основање на ЛЕСС во Република Македонија. Ние знаеме дека во вашата земја невработеноста на младите е на високо ниво и настојуваме да најдеме начини тој проблем да се решава. ЛЕСС се токму еден од начините каде може да се мерат потребите на пазарот на работна сила и вештините со кои располагаат младите луѓе. “УСАИД“ ги охрабрува локалните власти, учесниците на социјалниот дијалог и локалните бизнисмени да наоѓаат начини за решавање на економските и социјалните проблеми на граѓаните и се надеваме дека овие програми ќе придонесат за зголемување на вработеноста.

Ангел Димитров, претседател на ОРМ, нагласи дека формирањето ЛЕСС на Скопје има посебна тежина, затоа што половината на бруто општествениот производ на Македонија се создава во главниот град. Тука се лоцирани најголемите претпријатија и оттаму ние предложивме некои од нив како учесници во работењето на овој форум. ЛЕСС е значајно консултативно тело, кое меѓу останатото е мерило за тоа колку социјалните партнери меѓу себе се почитуваат.

В.Д. претседателот на КСС Виолетка Спасевска рече дека пазарот на трудот во Република Македонија од почетокот на транзицијата доживеа тешки моменти. ЛЕСС се модел на консултирање на социјалните партрнери, кој ќе придонесе за подобрување на усогласувањето на пазрот на трудот, при што треба да се преиспитува и усогласува образовниот процес.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc