ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ОРМ НА ПАТ КОН ЕУ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

20.02.2012

Сите дискутанти ја истакнаа исклучителната важност на социјалниот дијалог
Сите дискутанти ја истакнаа исклучителната важност на социјалниот дијалог
Денес во Скопје, во хотелот “Холидеј Ин“, се одржа конференцијата “Социјалниот дијалог и улогата на организациите на работодавачи во ЕУ“, која е завршна конференција на проектот “Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ“.

 

Проектот се одвиваше изминатите 12 месеци, со финансиска помош на Европската Унија, додека партнер на ОРМ беше Регионалната развојна агенција Сенец - Пезинок од Словачка.

Сите учесници на конференцијата ја истакнаа важноста од зајакнување на социјалниот дијалог во Република Македонија. Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи (ОРМ), рече дека суштината на постоењето на ОРМ е застапување на интересите на работодавачите воопшто и во социјалното партнерство. Со промоција на интересите и во соработка со социјалните партнери, Владата и синдикатите, делуваме на градењето на работното законодавство преку институциите колективно преговарање и колективните договори.

Робин Лидл, вршител на должноста амбасадор на мисијата на ЕУ во Република Македонија, истакна дека социјалниот дијалог е значаен елемент на европскиот социјален модел, кој ги уредува индустриските односи во земјите на ЕУ. Во ЕУ постојат над 300 заеднички текстови, односно договори со кои се уредува породилното отсусво, скратеното работно време, продолженото работно време и ред други прашања. Амбасадорот Лидл го нагласи значењето на граѓанското општество, кое е мост меѓу трите социјални партнери.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека социјалниот дијалог е средство за консензус меѓу социјалните партнери и дека игра голема улога во економската сфера и кон патот кон ЕУ. За ефикасен социјален дијалог е неопхопдно зајакнување на капацитетите и ресурсите на социјалните партнери. Владата ќе ги поддржи сите реформи во интерес на работниците и работодавачите, додаде министерот Спировски.

Потпретседателот на ОРМ Ангел Димитров зборуваше за значењето на Економско - социјалниот совет. За ефикасен социјален дијалог е најбитна соработката и конструктивноста на социјалните партнери.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc