МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД НАЈАВИ КОНТРОЛИ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

20.02.2012

Министерот Спиро Ристовски им порача работодавачите да не го изигруваат законот
Министерот Спиро Ристовски им порача работодавачите да не го изигруваат законот

Казни од 6.000 до 7.000 евра ќе им се изрекуваат на работодавачите доколку на вработените не им исплаќаат минимална плата од 8.050 денари, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Овие казни се предвидени со Законот за минимална плата, што почна да се применува од почетокот на 2012 година. Според законот предвидени се казни и за одговорното лице кај работодавачот, во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Министерот Спировски на прес конференција на 18 февруари изјави дека по цели 20 години Владата и партнерите во социјалниот дијалог го утврдија износот на минималната плата на 8.050 денари нето и 12.265 денари бруто, врз основа на претходно направени согледувања. Тој им порача на работодавачите да не се обидуваат да прават различни пресметки на платата, затоа што се знае што е плата, што е бруто износ и што е храна и превоз. Казни се уште не се изречени, иако се констатирани обиди за изигрување на законот, изјави Спировски, кој нагласи дека трудовите инспектори од 15 февруари стартуваа со контроли. Имено, трудовите инспектори со решенија ќе ги задолжуваат работодавачите кои не ја вкалкулирале минималната плата со анекс договори да го сторат тоа.

Договорот за минималната плата е постигнат на 1 октомври, на Шестата седница на Економско – социјалниот совет, од страна на трите социјални партнери: Министерството за труд и социјална политика, односно Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедферацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи.

Од обврската се изземени текстилната, чевларската и кожарската индустрија, на кои им е оставен рок од три години за достигнување на утврдениот износ. Со Законот за минималната плата 65.000 работници треба да добијат повисоки примања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc