ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ
15.02.2012
На Единаесеттата седница на Економско – социјалниот совет, што се одржа вчера, на 14 февруари, на дневен ред беа разгледувани прашања од повеќе области. Се расправаше за Информација за извршените инспекциски надзори во Агенциите за посредување при вработување, Информација за состојбите и проблемите во работата на прекршочните комисии од областа на работните односи во МТСП, како и Предлог – иницијативата за расправа за зголемување на поскапување на цените, која е поднесена од страна на ССМ.Сојузот на синдикатите на Македонија на ЕСС ги поднесе и следните иницијативи: Иницијатива за дополнување на член 162 од Законот за ПИО (Сл. в. на РМ број 80/93), Иницијатива за дополнување на членовите 9, 12 и 34 од Законот за стручно образование и обука (Сл. в. на РМ број 71/2006) и Иницијатива за дополнување на членовите 9, 13 и 38 од Законот за образование на возрасните (Сл. в. на РМ број 7/08). Со трите иницијативи ССМ бара изменување и дополнување на соодветните закони, во кои треба да се уреди прашањето за учеството на репрезентативните синдикати, односно на ССМ, во управните одбори, совети и центри. Истите прашања беа иницирани и од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ).
На предлог на ССМ исто така беше разгледувана Иницијативата за промена на работното време и Иницијативата за Законот за здравствено осигурување.