ССМ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
1.02.2012

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе учествува во подготвителните седници на комисијата. ССМ исто така претходно ќе ги добива сите барања од компаниите за менување на цените на енергенсите, со што ќе има можност да настапи со свои ставови и предлози.
Ова е договорот што денес се постигна на денешниот состанок меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Регулаторната комисија за енергетика.
Претседателот на ССМ Живко Митревски пред одржувањето на средбата, на која присуствуваа пртетседателите на синдикатите здружени во ССМ, за медиумите изјави дека за огрев едно семејство издвојува од 7.000 до 9.000 денари месечно, што е 33,5 до 35 отсто од Синдикалната минимална кошница, објасни Митревски.
Наш аргумент е што синдикатите партиципираат во работата на Европската енергетска заедница, па тој пример треба да се следи и во Македонија.
На прашањето на новинарите дека цените на енергенсите се економска, а не социјална категорија Митревски одговори дека ССМ не го интересираат тие односи, туку спречувањето на падот на стандардот на граѓаните.
Исто така, како што можат да се најдат механизми за регулирање на цените, така за цените на енергенсите треба да се расправа и во Економско - социјалниот совет.