ПОЧЕТОК НА КАМПАЊАТА “ГРАДИ БЕЗБЕДНО“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.01.2012

На денешниот прес Павел Трендафилов изјави дека непријавените работници се најголем извор на несреќите и повредите во градежништвото
На денешниот прес Павел Трендафилов изјави дека непријавените работници се најголем извор на несреќите и повредите во градежништвото

 

“Гради безбедно“ е назив на кампањата за безбедност и здравје во градежништвото, што ја организира Меѓународната организација на трудот. Почеток на кампањата е конференцијата “Трудова инспекција во градежништвото“, која се одржува од од 23 до 26 јануари во Скопје и на која учествуваат Министерството за труд и социјална политика, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, Организацијата на работодавачи, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Државниот инспекторат на труд.

Емил Крстаноски, национален координатор на МОТ за Македонија, информираше дека целта на кампањата е подигање на свеста кај трите страни, работниците, работодавачите и државата, за постигнување поголема безбедност во градежништвото во Македонија.

Експертот за безбедност и здравје на МОТ за Централна и Источна Европа Жоаким Пинтадо Нуњез, кој е главен предавач на собирот, информираше дека првиот дел на кампањата е информативен, додека вториот дел е во насока на практично спроведување на стандардите за безбедноста при работа.

26.01.2012_foto_2

Минатата година имаме 12 смртни случаи, од кои пет се во градежништвото, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната прес конференција. За првпат министерството, инспекцијата, МОТ, синдикатот и работодавачите ќе спроведат кампања за примена на стандардите во Законот за безбедност и здравје при работа. Зголемени се средствата за контрола на безбедноста, додека минатата година имаше над 14.000 инспекциски контроли, изречени се 5.000 решенија за отстранување недостатоци и 190 забрани при работа поради непостоење елементарни услови за безбедност, дополни министерот Спировски.

Претседателот на СГИП Павел Трендафилов изјави дека вработеноста на црно е најголем генератор на несреќите и повредите при работа. Во дејноста легално се вработени 23.000 лица, додека се калкулира со бројка од 37.000 лица вкупно ангажирани, што кажува колкави се размерите на сивата економија. СГИП со години наназад укажува на потребата од имплементација на Конвенцијата 94. на МОТ, која ќе внесе социјални клаузули. Тоа значи дека на тендери ќе можат да учествуваат само претпријатија кои ги исполнуваат сите законски прописи кон вработените. Ако законот дозволува да ги казнуваме работниците, да направиме да може да се казнуваат и работодавачите, ако не ги почитуваат нормите за безбедност и здравје.

26.01.2012_foto_3Трендафилов дополни дека бројот на компаниите во градежништвото се намали од 7.500 на околу 4.000, што ја олеснува работата на инспекциските контроли. Во СГИП инаку е формирано Координативно тело за безбедност и здравје, кое врши обиколка на терените каде се ангажирани градежниците, и тоа на целата територија на државата.

Генералниот секретар на Организацијата на работодавачи Белинда Николовска ги посочи компаниите “Гранит“ и “Бетон“ како примери на добра организираност во безбедноста при работа. Наша цел е заеднички да влијаеме врз свеста на работодавачите да ги почитуваат нормите на Законот за безбедност и здравје.

Од името на Бизнис конфедерацијата се обрати претседателот Миле Бошков, кој рече дека со подобрување на состојбата во безбедноста ќе испратиме добра порака до домашните и странските инвеститори.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc