ИЗЛЕЗЕ НОВОТО ИЗДАНИЕ “ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС НА ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
24.01.2012_foto124.01.2012
“Права од работен однос на жените и младите во Република Македонија“ е наслов на новото издание на Сојузот на синдикатите на Македонија, кое е издадено со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт – Канцеларија во Македонија“.

 

Автори на изданието се д-р Тодор Каламатиев, м-р Живко Митревски и м-р Александар Ристовски. Изданието е претставено на седницата на Советот на ССМ, што се одржа на 26 декември 2011 година. Инаку делото е уште еден наслов од долготрајната соработка во издавачката дејност на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Фондацијата “Фридрих Еберт“.

Во содржината, на 146 страници, најпрво се обработени општите услови за работа и заштита при работа (здравје и безбедност). Првата целина е “Правата од работен однос“, со посебни поглавја за работното време, паузите и одморите, платите и надоместоците на плата и заштитата при работа. Втората целина е “Заштита при работа (здравје и безбедност), која ги опфаќа правата на жените од работен однос. “Права на младите во работен однос“ е третата целина, додека четвртата е “Заштита од дискриминација и мобинг“. Како прилози се објавени повеќе одредби од законите, подзаконските акти и правилници.

Изданието може да се набави во Сојузот на синдикатите на Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc