ССМ ЌЕ БАРА УЧЕСТВО НА СИНДИКАТИТЕ ВО РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

Живко Митревски: поларната зима во Прилеп и Битола доби карактер на елементарна непогода
Живко Митревски: поларната зима во Прилеп и Битола доби карактер на елементарна непогода

Поскапувањата на основните енергенси сериозно влијаат врз животниот стандард на граѓаните. Ние сметаме дека синдикатите треба да учествуваат во одредувањето на цените на електричната енергија, парното, греењето,  односно да учествуваат во работењето на Регулаторната комисија, изјави денес претседателот на Сојузот на синдикатите Живко Митревски.

Ќе побараме средба со Регулаторната комисија, со цел ние да ги искажеме нашите гледања за ценовниот удар врз семејните буџети на населението. Секако ова прашање ќе го поставиме и на Економскио – социјалниот совет. Исто така сметаме дека во иднина цените на основните енергенси најпрво треба да бидат разгледувани на Економско – социјалниот совет, информираше Митревски.

Од студот е посебно погодено населението во Битола и Прилеп, каде поларната зима доби карактер на елементарна непогода. За населението во овој регион ќе побараме субвенции, односно механизми за субвенционирање на сметките, односно трошоците за греење. И за ова прашање исто така ќе се расправа на Економско – социјалниот совет, изјави Митревски. На прашањето на новинарите за изворот на субвенциите претседателот одговори дека обично субвенционира државата, но и дека може да се разговара за повеќе механизми за надоместување на високите сметки и трошоци.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc