ОДРЖАНО ВТОРОТО СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ МЕСО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Сузана Стефановиќ – Програмата за работа е само основа за сите активности
Сузана Стефановиќ – Програмата за работа е само основа за сите активности
Претседателот Стефановиќ со работното претседателство на Собранието
Претседателот Стефановиќ со работното претседателство на Собранието

Денес се одржа Второто Собрание на Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО). За претседател во наредниот петтогодишен мандат е избрана Сузана Стефановиќ, која и досега ја извршуваше функцијата претседател.

На Собранието делегатите ја усвоија Програма за работа 2011 – 2016 година, избран е нов Совет на МЕСО и утврден е составот на Надзорниот одбор.

Програмата за работа е само основа на сите активности што ни пртетстојат, изјави Сузана Стефановиќ. Нашата мисија е да создадеме задоволен работник. Меѓутоа, исто така работник кој ќе умее да препознае кога се кршат неговите права и кој нема да се плаши да реагира и да се бори за себе и за колегите. Затоа една од нашите основни задачи е едукацијата на членството, и тоа со посебен акцент на мобингот, појава што зема се поголем замав. Во време на либерален капитализам работникот се гледа како предмет, како објект кој бара поголема плата или повисока пензија. Наша задача е да ги измените тие односи, нагласи Стефановиќ.

На Собранието се обрати претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, кој зборуваше за општествено – социјалната положба во Република Македонија и за најважните задачи на ССМ. Работиме во време на светска економска криза, чии последици се чувствуваат и во најбогатите земји. И европските земји, навикнати на социјален комодитет, мораат да го плаќаат цехот на дивеењето на банките, но најголемите последици ги сносат работниците. Речиси нема земја каде платите не се намалени за 30 отсто и каде што отпуштањата исто така изнесуваат 30 отсто. Успеавме да ги спречиме овие појави во Република Македонија, но ни претстои уште многу активности во ублажувањето на последиците од светската криза.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc