СЕМИНАР ЗА ПРИМЕНА НА НАЈНОВИТЕ ЗАКОНИ ОД ТРУДОВОТО ПРАВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

Едуцирање на регионалните претставници на ССМ
Едуцирање на регионалните претставници на ССМ
Денес и утре во ССМ, во соработка со Фондацијата “Фридрих Еберт“, се одржува семинар за примената на најновите измени на неколку закони од трудовата регулатива. Семинарот е наменет за секретарите на регионалните синдикални претставништва, координаторите на синдикалните канцеларии, правните застапници и стручните работници во ССМ.

Предавачи се Нада Пенова од Министерството за правда, која ќе зборува за примената на Законот за парнична постапка, со посебен осврт на последните измени, и судијата Антоанета Димовска од Основниот суд “Скопје 2“, чие предавање гласи “Нејаснотии, проблеми и судска пракса во примената на Законот за парнична постапка“.

На 16 декември предавач е Љупчо Фармакоски од Министерството за информатичко општество и администрација, кој ќе зборува за Законот за јавни службеници. Потоа претставници од ССМ ќе ги анализираат Предлог – законот за изменување на Законот за работни односи, Предлог – законот за минимална плата и Предлог – законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

 

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc