СИНДИКАТОТ ЗА СООБРАЌАЈ БАРА ЗАШТИТА НА ВОЗАЧИТЕ НА ЈСП “СКОПЈЕ“ ОД ФИЗИЧКИ НАПАДИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Нападнатите возачи сведочат дека траумите ги чувствуваат и нивните семејства
Нападнатите возачи сведочат дека траумите ги чувствуваат и нивните семејства

За последните пет години е настанат 1.021 инцидент во возилата на јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“. Вкупно сторената штета на автобусите, со повредите, лекарствата, боледувањата, исплатата на штета и други трошоци, изнесува околу 55.000 евра. За синдикатот секако приоритетни се луѓето, возачите и патниците, и затоа се бара нивна заштита од физички напади.

Ова на денешната конференција за печат го изнесе претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ) Миќо Стојановски. Повод за прес конференцијата е барањето на СРСВМ за ефикасна заштита на возачите и на патниците во градскиот сообраќај во Скопје.

На пресот беше изнесена статистиката што ја водат ЈСП “Скопје“ и синдикатот: од 2007 до 2011 година имало 105 напади врз возачите, 49 физички пресметки во возилата, 637 оштетувања на возила и 230 закани врз возачите (вкупно 1.021).

СРСВМ предлага повеќе мерки за подобрување на состојбата. Тоа се најстроги казни за прекршителите и родителите, ако деликвентите се малолетни, поефикасна внатрешна линиска контрола, формирање јавно обезбедување и служби за следење на автобусите, редовно едуцирање на учениците во училиштата и формирање градска јавна полициска единица во служба на јавните претпријатија.

Бараме во 2012 година овие предлози да профункционираат. Во спротивно, доколку нападите продолжат, ќе застанеме во одбрана на возачкиот персонал и ќе размислиме за застанување на јавниот превоз, изнесе Стојановски.

На конференцијата сведочеа неколку возачи на ЈСП “Скопје“, кои се жртви на физички напади. Работниците и нивните семејства доживуваат тешки трауми после нападите, сведочеа т6ие. Како да се рагира при инцидентите е како понатаму да се вози автобус се навистина тешки прашања. Возачот на ЈСП е во слична ситуација како полицаецот – прво треба да ги нападнат, па после да реагира. Доколку се обиде да ја смири состојбата лесно ќе дојде до судска пресуда на негова штета.

Скоппје доби удобен и современ јавен превоз, со нови украински и кинески автобуси, но и во нив возачите се цел на постојани напади, рече претседателот Стојановски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc