ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТА НА СХНМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

 Од семинарот: работниците во хемиската индустрија се посебно изложени на штетни материи
Од семинарот: работниците во хемиската индустрија се посебно изложени на штетни материи

 

Синдикатот за хемија, неметали и метали (СХНМ) од 9 до 11 декември во Охрид одржа семинар со наслов “Влијанието на работните услови врз репродуктивното здравје на работниците“.

Предавачи беа Сашо Столески и Драган Мијалкоски, доктори во Институтот за медицина на трудот, кои го објаснија влијанието на одделни хемиски агенси, електрониката, јонското зрачење и други материи врз репродуктивното здравје на мажите и жените.

Гости на семинарот беа Видак Ѓурановиќ, кој во името на Сојузот на синдикатите на Црна Гора ги запозна присутните за законите за безбедност во Црна Гора, и претседателот на синдикатот на “Хемомонт“ – Црна Гора Милан Марјановиќ.

Едукацијата ја следеа 39 членови на СХНМ. Претходниот семинар за безбедност и здравје Синдикатот за хемија го одржа на 26 септември, на тема проценка на ризик на работното место.

Претседателот на СХНМ Зоран Мироновски не информира дека е договорена понатамошна едукација на членовите за безбедноста и здравјето на работа. За 2012 година се планира одржување школа за едукација на млади синдикални кадри, членови на СХНМ, додека со колегите од Црна Гора е договорено проширување на меѓународната соработка.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc