ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СИНДИКАТИТЕ ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Министерот Спиро Ристовски и претседателот Живко Митревски денес за медиумите: социјалниот дијалог во Македонија е пореален од многу земји членки на Унијата
Министерот Спиро Ристовски и претседателот Живко Митревски денес за медиумите: социјалниот дијалог во Македонија е пореален од многу земји членки на Унијата

Синдикатите имаат голема улога во приклучувањето на Република Македонија во Европската Унија. Примарна е улогата во областа на трудовата легислатива, на усвојување на законите и директивите, но исто така важен е придонесот во многу други области.

Ова е една од констатациите на Конференцијата “Синдикатот и процесот на евроитеграција на Република Македонија“, што се одржа денес во ССМ.

Претседателот на ССМ Живко Митревски информираше за ставовите на ССМ околу евроинтеграцијата. Сојзуот на синдикатите на Македонија уште од самото започнување на евроитеграцисдкиот процес се определи за поддршка на политиката на приклучување кон Унијата. Интегрирањето на Република Македонија ССМ го прифати како активност од приоритетно значење. Токму затоа ССМ се вклучи во сите реформи од областа на трудовите односи, со јасна цел општествените процеси во државата да се хармонизираат со стандардите на Унијата. Овие ставови ССМ ги застапува во надлежните институции, како Собранието и Националниот совет за евроитеграции, Владата, односно со повеќето министерства, додека ССМ учествува во реаботата на комисии и тела на највисоките државни институции.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски истакна дека улогата на синдикатите во напорите за евроинтеграција е неспорна. Сите имаме мотив повеќе заеднички да придонесуваме во процесот на усогласувањето на трудовото закондавство. Една од клучните претпоставки е социјалниот дијалог во Република Македонија, објасни министерот Ристовски. Имено, во Република Македонија имаме пореален социјален дијалог отколку во многу земји членки на Унијата. Тука е функционирањето на Економско – социјалниот совет, меѓусебната соработка на репрезентативните синдикати и учеството на синдикатите во многу проекти околу евроитеграцијата.

Мораме да водиме сметка за Стратешкиот план 20/20 на Европската Унија, која се однесува на целите што треба да се постигнат до 2020 година. Принципите се инвентивност, одржливост, ефективност на ресурсите, инвазивност и други цели, додека конкретно треба да се зголеми вработеноста  на возрасната група од 20 до 64 години за 75 отсто. Со други зборови, да се постигне огромен раст на вработеноста, информираше Нафи Сарачини, одговорен за економско – социјални прашања на Делегацијата на ЕУ во РМ.

Задоволни сме што социјалните партнери се согласуваат, иако по природата на работите имаат различни интереси. Синдикатите треба да играат поголема улога во креирањето на евроитегрирањето, а истото се однесува и на граѓанското општество, дополни Сарачини.

 

Земјите со развиен социјален дијалог се поуспешни во имплементирањето на законите и директивите на ЕУ - Кенан Хасипи (прв од лево)
Земјите со развиен социјален дијалог се поуспешни во имплементирањето на законите и директивите на ЕУ - Кенан Хасипи (прв од лево)

Непостоењето социјален дијалог се нотира во Европската Комисија. Се јавуваат кризи во дијалогот, посебно во работата на Собранието и таа појава влијае штетно кај мониторингот на ЕУ. Сите европски искуства покажуваат дека земјите со развиен социјален дијалог се поуспешни во имплементацијата на регулативата, назначи Кенан Хасипи, претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – РМ. Хасипи информираше и за активностите на Собранието и контактите со други парламентарни тела на земјите членки.

Претставникот на Министертсвото за труд и социјална политика Стојан Трајанов заборуваше за хармонизација на македонското трудово законодавство, при што истакна дека синдикатите се страна која активно е вклучена во процесите. Покрај трудовото законодавство тука се големиот број подзаконски акти, формирањето европски работнички совети и многу други проекти.

Радмила Шеќеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграција, изјави дека сите сме убедени дека клучното прашање е усвојувањето на законите. Всушност тоа е еден дел од задачата, додека поважна е нивната примена. Треба да знаеме дека влегувањето во Унијата значи многу заштитни механизми за заштита на работниците. Политиките на ЕУ за заштита на работниците се многу силни и затоа синдикатите треба да бидат активни во целиот процес на прилагодување. Синдикатите добиваат две оружја – силата на своето членство и самото членство на земјата во Унијата.

На конференцијата, која се одржа со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, учествуваа претседатели на синдикатите здружени во ССМ, претставници на Организацијата на работодавачи, претседателот на КСС Раско Мишкоски и претставници на други организации и институции.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc